Претседателот на Христијанско-демократската унија (CDU) и веројатен иден канцелар Фридрих Мерц во понеделникот ги претстави членовите на идниот владин кабинет од неговата партија.
Поранешниот потпретседател на пратеничката група на CDU/CSU во Бундестагот, Јохан Вадефул, треба да стане нов германски министер за надворешни работи. Вадефул е познат како близок соработник на Фридрих Мерц, па затоа се очекува посилна координација на надворешната политика.
Последната министерка за надворешни работи, Аналенa Бербок од Зелените, беше често критикувана за водење политики што отстапуваат од насоките поддржани од канцеларот Олаф Шолц од Социјалдемократската партија на Германија (SPD).
Јохан Давид Вадефул, исто така, интензивно бил вклучен во земјите од Западен Балкан во текот на својата кариера.

Поранешната пратеничка на CDU и актуелна менаџерка на енергетскиот концерн E.ON, Катерина Рајхе, би го презела Министерството за економија.
Заменик-претседателот Патрик Шнајдер треба да го води Министерството за транспорт, а новоформираното Министерство за дигитализација и модернизација треба да го преземе непартиски член на персоналот, Карстен Вилдбергер, поранешен претседател на одборот на „Ceconomy AG“, во кој спаѓаат малопродажните синџири за електронска трговија „Saturn“ и „Media Markt“.
Се очекува новата министерка за здравство да биде политичарката од CDU од Баден-Виртемберг, Нина Варкен, додека Карен Прин од Шлезвиг-Холштајн се очекува да ги преземе споените министерства за образование и семејство.
Поранешниот министер за здравство во последниот кабинет на Ангела Меркел, Јенс Шпан, ќе стане нов претседател на пратеничката група на CDU/CSU во Бундестагот, позиција што претходно ја извршуваше Фридрих Мерц.
Шеф на кабинетот на канцеларот, а со тоа и координатор на тајните служби, треба да стане актуелниот вршител на должноста на должноста на Христијанско-демократскиот парламентарен клуб, Торстен Фрај.
Баварската Христијанско-социјална унија (CSU), која заедно со CDU ја формира Унијата CDU/CSU на федерално ниво, треба официјално да ги претстави своите министри во текот на денот, но медиумите зборуваат за фактот дека поранешниот лидер на CSU во Бундестагот, Александeр Добриндт, треба да стане нов министер за внатрешни работи, а Дороти Бер нова министерка за наука, технологија и вселенски истражувања.
Како што дополнително објавува јавниот радиодифузен сервис Bayerische Rundfunk, политичарот од CSU, Алојз Рајнер, треба да стане нов министер за земјоделство.
Помaлиот партнер во идната влада, Социјалдемократската партија на Германија (SPD), ќе ги претстави своите членови на кабинетот по гласањето на партиската база за прифаќање на коалицискиот договор, чии резултати се очекува да бидат објавени во среда.
Изборот на канцелар и новата влада е закажан за седницата на Бундестагот на 6 мај.
Слични новости
Електричната енергија постепено се враќа во Шпанија и Португалија по масивниот прекин
Електричната енергија полека почна да се враќа во делови од Иберискиот полуостров од понеделник доцна вечерта по масивното прекинување на испораката што ги парализираше Шпанија и Португалија
Стармер домаќин на палестинскиот лидер, Британија најави пакет за поддршка
Британскиот премиер Кир Стармер во понеделник беше домаќин на палестинскиот премиер Мохамед Мустафа, додека неговата влада објави пакет за финансирање од 101 милион фунти за палестинските територии
Зеленски: Светот не сака да чека на 8. мај за прекин на огнот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник изјави дека светот не сака да чека до 8. мај за најавеното примирје на рускиот претседател Владимир Путин да стапи на сила само неколку дена и повика на прекин на огнот од најмалку 30 дена