Американскиот режисер Александер Пејн ќе претседава со главното натпреварувачко жири на овогодинешниот Венециски филмски фестивал, објавија организаторите во понеделник.

Филмовите на Пејн, вклучувајќи ги комедиите „The Holdovers“, „Sideways“ и „The Descendants“, се номинирани за вкупно 24 Оскари, вклучувајќи четири за најдобар ф

Тој двапати ја освои наградата за најдобро адаптирано сценарио.

„Голема чест и радост ми е да бидам член на жирито во Венеција. Иако ја споделувам амбивалентноста на филмските работници во врска со споредбата на филмовите, ја почитувам речиси вековната историја на Венецискиот филмски фестивал, фестивал кој гласно го слави филмот како уметничка форма“, изјави Пејн за новинарите.

Годинештното 82. издание Венециски филмски фестивал ќе се одржи на островот Лидо од 27. август до 6. септември. Имињата на филмовите во конкуренција ќе бидат објавени во јули.

Комедијата на Пејн од 2017 година „Downsizing”го отвори фестивалот истата година.

globe

Слични новости

Путин објави прекин на огнот во чест на победата во Втората светска војна

Путин објави прекин на огнот во чест на победата во Втората светска војна

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделник објави тридневен прекин на огнот во војната со Украина што ќе стапи на сила следниот месец по повод 80-годишнината од победата на Советскиот сојуз и неговите сојузници во Втората светска војна

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е загрижен за директното вклучување на Северна Кореја во војната на Русија во Украина и дека распоредувањето на воени сили на Пјонгјанг во Русија мора да престане.

„Остануваме загрижени за директното вклучување на Северна Кореја во војната. Военото распоредување на Северна Кореја во Русија и каква било поддршка што Руската Федерација ѝ ја дава на Северна Кореја за возврат мора да престане“, изјави портпаролот на Стејт департментот во е-пошта за Reuters, истакнувајќи дека трети земји како Северна Кореја „носат одговорност“ за војната.

Северна Кореја за прв пат потврди во понеделник дека испратила војници да се борат за Русија во војната со Украина по наредба на лидерот Ким Џонг-ун.