Северна Кореја првпат во понеделник потврди дека испратила војници да се борат за Русија во војната со Украина по налог на водачот Ким Џонг-ун и дека дала важен придонес во ослободувањето на руската територија окупирана од Украина.
Победничкиот крај на битката за ослободување на рускиот Курски регион го демонстрираше „највисокото стратешко ниво на цврсто воено пријателство“ меѓу Северна Кореја и Русија, соопшти државната новинска агенција KCNA, цитирајќи соопштение од владејачката партија на Северна Кореја.

Русија минатата седмица соопшти дека украинските сили се протерани од последното руско село што го држеа, иако Киев го негираше тврдењето и рече дека нејзините трупи сè уште дејствуваат во Белгород, уште еден руски регион што граничи со Украина.
Ким Џонг-ун ја донел одлуката за распоредување трупи според договорот за стратешко партнерство што го потпиша со Владимир Путин минатата година. Меѓутоа, не се соопштува точната бројка на севернокорејските војници кои учествувале во борбите во Курск.
Русија првпат во саботата потврди дека севернокорејски војници се борат заедно со руските војници во Курск, пишува Reuters. Ниту Русија, ниту Северна Кореја претходно не го потврдуваа но ниту го негираа распоредувањето.
Слични новости
Путин објави прекин на огнот во чест на победата во Втората светска војна
Рускиот претседател Владимир Путин во понеделник објави тридневен прекин на огнот во војната со Украина што ќе стапи на сила следниот месец по повод 80-годишнината од победата на Советскиот сојуз и неговите сојузници во Втората светска војна
Ватикан објави дека конклавата за избор на нов папа ќе се одржи на 7. мај
Конклавата за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква, која брои 1,4 милијарди верници, ќе започне на 7. мај, потврди во понеделник портпаролот на Ватикан, Матео Бруни
Канаѓаните гласаат во тесна парламентарна трка
Владејачката Либерална партија на премиерот Марк Карни и опозициските конзервативци, предводени од Пјер Поилиевре, се во тесна трка на парламентарните избори во Канада