Израел го нападна Бејрут во неделата третпат од кревкото примирје договорено на 27 ноември минатата година, што го поттикна либанскиот претседател Жозеф Аун да ги повика гарантите на мирот Франција и САД да ги запрат нападите.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека нападот бил насочен кон зграда што ја наводно користии либанското шиитско движење Хезболах за складирање на „прецизни наведувани ракети“ и вети дека ќе ја спречи проиранската групација да ги користи јужните предградија на Бејрут како „безбедно засолниште“.

Дописник на AFP видел облак од чад како се издига над зградата по нападот. Либанските телевизиски канали емитуваа снимки од пожар околу зградата слична на хангар.
Израелската армија претходно издаде предупредување до цивилите да се евакуираат од густо населената населба.
„Итно предупредување до оние во јужните предградија на Бејрут, особено во населбата Хадат: Секој што е присутен во зградата означена со црвена боја на приложената мапа, како и во соседните згради, е блиску до објектите на Хезболах“, изјави воениот портпарол Авичај Адрае на X, додавајќи: „Мора да се евакуирате“.
Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека Израел „нема да дозволи Хезболах да се зајакне и да создаде каква било закана против него, никаде во Либан“. Во подоцнежно соопштение, војската изјави дека „складирањето ракети во оваа инфраструктура е јасно кршење на договорот меѓу Израел и Либан“.
Но, либанскиот претседател го осуди нападот како ново кршење на прекинот на огнот од 27 ноември и ги повика гарантите да ги запрат континуираните напади на Израел. Аун ги повика „САД и Франција, како гаранти на договорот за прекин на огнот, да преземат одговорност и да го принудат Израел веднаш да ги запре нападите“.

Слични новости
Путин објави прекин на огнот во чест на победата во Втората светска војна
Рускиот претседател Владимир Путин во понеделник објави тридневен прекин на огнот во војната со Украина што ќе стапи на сила следниот месец по повод 80-годишнината од победата на Советскиот сојуз и неговите сојузници во Втората светска војна
Ватикан објави дека конклавата за избор на нов папа ќе се одржи на 7. мај
Конклавата за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква, која брои 1,4 милијарди верници, ќе започне на 7. мај, потврди во понеделник портпаролот на Ватикан, Матео Бруни
Канаѓаните гласаат во тесна парламентарна трка
Владејачката Либерална партија на премиерот Марк Карни и опозициските конзервативци, предводени од Пјер Поилиевре, се во тесна трка на парламентарните избори во Канада