Владата е стабилна и силна, и ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која беше наследена. Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој – соопшти денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ по седницата на Централниот комитет на партијата.
Како што се наведува во соопштението по средбата, генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски го информирал претседателот и партијата дека општинските комитети се силно мотивирани и подготвени за избори, на кои се очекува огромна победа.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати кои се последица на реформите преземени во изминатиот период, и дека целта е економска стабилност и просперитет на сите граѓани, се посочува во соопштението.
Мицкоски исто така информирал и дека во идниот период продолжуваат испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кои покажуваат неколукратна предност пред политичките конкуренти, но и дека треба да се сполни одговорноста на преземените ветувања пред граѓаните.
Слични новости
Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро
Уставниот суд има потреба од закон за доуредуѕвање и статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро, порача претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, по отворањето на тркалезната маса
Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП годинава, а 2,5 во 2026. предвидува Светската банка
Раст од 2,6 проценти на македонската економија годинава, од 2,7 во 2026, а од 2,8 проценти во 2027 година, прогнозира Светска банка во денеска објавениот Редовен економски извештај за Западен Балкан
Утре во Скопје „Марш за ангелите“ во организација на родителите на настраданите во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Утре во Скопје ќе се одржи протестен „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани