Германскиот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, се извини за своето однесување во поразот од 2:3 од Барселона во саботата во финалето на Купот на кралот, кога доби директен црвен картон откако избувна во бес и фрли предмет кон судијата.

Инцидентот се случи кога судијата досуди прекршок од напаѓачот Килијан Мбапе врз дефанзивецот Ерик Гарсија, со што му ја одзеде на Реал последната шанса да израмни неколку моменти откако Жил Кунде од Барселона го постигна победничкиот гол во 116. минута.

Одлуката на Рикардо де Бургос Бенгоецеа предизвика излив на гнев кај играчите на Реал Мадрид, особено кај Рудигер кој беше на клупата бидејќи беше заменет претходно. Германецот доби директен црвен картон поради својата реакција и мораше да биде задржан од соиграчите и тренерскиот персонал за да го спречат да истрча на теренот и да фрла кеси со мраз кон судијата.

„Дефинитивно нема оправдување за моето однесување синоќа. Многу ми е жал за тоа“, напиша Рудигер на своите социјални мрежи во неделата.

„Одигравме многу добар натпревар во второто полувреме. По 111 минути повеќе не можев да му помогнам на мојот тим, а пред последниот свиреж направив грешка. Уште еднаш им се извинувам на судијата и на сите што ги разочарав синоќа“, напиша дефензиецот на мадриѓаните.

Неговите соиграчи Лукас Васкез и Џуд Белингам, исто така, добија црвени картони за неспортско однесување по последниот свиреж.

Рудигер би можел да биде суспендиран од четири до 12 натпревари според прописите на Шпанската фудбалска федерација, а бидејќи тоа се смета за сериозна казна, тој би морал да ја отслужи казната во сите домашни натпреварувања, вклучително и во Ла Лига.

Реал Мадрид, минатогодишниот шпански и европски шампион, е четири бода зад лидерот Барселона во лигата, а до крајот на сезоната остануваат уште пет натпревари.

globe

Слични новости

Милвоки и Орландо пред елиминација по поразите од Бостон и Индијана

Милвоки и Орландо пред елиминација по поразите од Бостон и Индијана

Кошаркарите на Бостон Селтикс утринава на гости ја победија екипата на Орландо Меџик со резултат 107:98 во четвртото коло од Источната конференција на НБА лигата. Со победата Бостон поведе со 3:1 во серијата и е на чекор од пласман во полуфиналето.

Минесота поведе со 3:1 против Лејкерс и е на чекор до пласман во полуфиналето на Западот

Минесота поведе со 3:1 против Лејкерс и е на чекор до пласман во полуфиналето на Западот

Кошаркарите на Лејкерс во текот на целиот натпревар беа во водство, кое беше и двоцифрено, но на крајот Минесота направи пресврт предводена од брилајнтниот Ентони Едвардс кој постигна 43 коша, девет скокови и шест асистенции.

Интер поразен дома од Рома, Наполи сам на врвот

Интер поразен дома од Рома, Наполи сам на врвот

Фудбалерите на Наполи го победија Торино со 2:0 на домашен терен во 34. коло од италијанската Серија А и го презедоа врвот на табелата, искористувајќи го поразот на Интер од Рома во Милано