Некогашниот светски рекет број еден Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во третото коло од Мастерсот во Мадрид откако беше поразен од Италијанецот Матео Арналди во второто коло со 6:3, 6:4. Ова беше прв меѓусебен дуел на Арналди кој е 44 играч на АТП листата и Ѓоковиќ кој е сеуште петти.

По мечот Ѓоковиќ изјави „дека ова е неговата нова реалност на турнирите да победи еден или два меча, а не да размислува како ќе дојде до завршницата на турнирот. Ова е целосно ново чувство за мене во однос на она што го имав изминатите 20 години професионален тенис и ова е за мене голем ментален предизвик“.

Тој рече дека ова веројатно беше неговиот последен меч како тенисер на турнирот во Мадрид, што го имаше освојувано три пати во кариерата.

Слични новости

Интер поразен дома од Рома, Наполи сам на врвот

Интер поразен дома од Рома, Наполи сам на врвот

Фудбалерите на Наполи го победија Торино со 2:0 на домашен терен во 34. коло од италијанската Серија А и го презедоа врвот на табелата, искористувајќи го поразот на Интер од Рома во Милано

Ливерпул е шампион на Англија по 20. пат

Ливерпул е шампион на Англија по 20. пат

Фудбалерите на Ливерпул ја освоија својата 20. титула во англискиот шампионат откако го победија Тотенхем со 5:1 на домашен терен во 34. коло од Премиер лигата