Кина ги ослободи млазните мотори за авиони од царините за увоз од САД, изјави во петокот шефот на француската компанија „Safran“, која ги произведува во соработка со американската „GE Aerospace“, разгорувајќи ги шпекулациите, заедно со најавите од деловните здруженија, за помекиот кинески тон во трговскиот конфликт со Вашингтон.
„Синоќа дознавме дека Кина одлучи да не воведува царини за мотори, опрема за слетување на авиони и куќишта на моторите, со други зборови, одредени категории на воздухопловна опрема“, изјави извршниот директор на „Safran“, Оливие Андриес.
„Ова покажува дека ситуацијата е многу флуидна“, вели Андриес, додавајќи дека изземањето не се однесува на готови авиони.

Компаниите „Safran“ и „GE Aerospace“ произведуваат млазни мотори LEAP во погони во Франција и САД. Покрај американски „Boeing“ и европски „Airbus“, ги купува и кинескиот производител на авиони COMAC, за што ги вградува во својот модел „C919“.
Изјавата на шефот на француската компанија уследи по тврдењата на странските деловни здруженија во Кина дека Пекинг би можел да ослободи одредени производи од царини за увоз од САД.
Пекинг побарал од компаниите да состават список на производи што би можеле да ги исполнуваат условите, соопштија здруженијата.
Фармацевтските компании успеале а увезат некои лекови со ослободување од цаини данок оваа недела, објави американската стопанска комора во Кина – AmCham China.
„Некои компании пријавија дека можат да увезуваат некои производи без царина“, изјави претседателот на здружението, Мајкл Харт, на онлајн прес-конференција во Пекинг.
На прашањето од кој сектор се, Харт одговори: „Ослободувањето им беше дадено на фармацевтските компании, но за одредени лекови, би рекол, не за секторот како целина“.
Министерството за трговија на Кина не одговорило на барањето на Reuters за коментар за извештајот.
Наводен список од 131 производи коишто ги исполнуваат условите за ослободување од царините, беше во оптек на социјалните медиуми и меѓу компаниите и деловните здруженија во Кина во петокот, забележува Reuters, нагласувајќи дека не може да ја потврди неговата автентичност.
Листата опфаќа широк спектар на производи, од вакцини и хемикалии до млазни мотори, според Reuters.
Повод за кинеските царини од 125 проценти за увоз од САД беа американските царини од 145 проценти за увоз на стоки од Кина.
Доколку биде официјално потврдена, одлуката на Кина за ослободувањето би била дополнителен знак дека двете водечки економии во светот се подготвени да го намалат притисокот од трговската војна, забележува Reuters.
Американскиот претседател Доналд Трамп веќе изјави дека има намера „значително“ да ги намали царините за Кина, нагласувајќи во неколку наврати дека е подготвен за преговори.
Пекинг, пак, одговори дека повлекувањето на царините од САД е услов за преговори, но минатата седмица неочекувано назначи нов претставник за меѓународна трговија. Помошникот на министерот за трговија во првиот мандат на Трамп, Ли Ченгганг, го замени Ванг Шоувен, кој, според извори од бизнис-заедницата во Пекинг, не се стеснувал од конфронтирање со американските функционери.
Слични новости
„Русал“ го намалил производството на алуминиум за 10 отсто
„Русал“ го намалил производството на алуминиум за 10 отсто за да се прилагоди на високите цени на бокситот, изјави во понеделникот челничката на руската компанија, истовремено истакнувајќи го притисокот од санкциите
Цените на нафтата близу 67 долари
Цените на нафтата се задржаа под нивото од 67 долари на меѓународните пазари во понеделникот, што ја одразува нервозата на трговците поради трговската војна меѓу САД и Кина, која би можела да ја ограничи побарувачката, и сигналите од водечките производители дека би можеле да ја зголемат понудата
Ограничена маржа за скоро сите производи ако трговците пак ги зголемат цените, најавува Дурмиши
Ако трговците не се однесуваат како што треба или ги зголемуваат пак цените, ќе има поригорозни мерки од она што го имаме сега. Ако сега се опфатени 102 групи на основни прехранбени и непрехранбени производи тоа значи деа ќе опфатиме уште повеќе групи