Студиото Ворнер Брос се очекува да ги има двата најпосетени филма во кино салите за Велигден, а за првото место ќе се борат премиерата на филмот „Грешници“ на Рајан Куглер, со Мајкл Б. Џордан и „Мајнкрафт“ кој се прикажува во кината веќе трета недела.

Проекциите на Ворнер се дека „Грешници“ ќе заработи околу 40-ина милиони долари во премиерниот викенд затоа што станува збор за филм кој е означен како Р.

Филмот се одвива во епоха, во 30-тите години од минатиот век, а во него се појавуваат и вампири, додека сругите студија прогнозираат дека филмот можеби ќе заработи и над 50 милиони долари.

Режисерот Рајан Куглер стана познат со филмовите „Црниот пантер“ и „Крид“, а филмот доби извонредни 99 насто од „Ротен томејтоус“.

Мајнкрафт продолжува со извонредната заработка на Бокс офисот, а овој викенд се очекува да заработи меѓу 40 и 45 милиони долари само во САД, со што филмот ќе надмине 300 милиони долари заработка во САД и 600 милиони долари глобално.  

 

 

Слични новости

„Златен објектив“ на Кинотеката годинава за светло-мајсторот Петар Богоевски

„Златен објектив“ на Кинотеката годинава за светло-мајсторот Петар Богоевски

Наградата „Златен објектив“ која Кинотеката им ја доделува на филмски автори и културни работници кои придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија, оваа година ќе му припадне на светло-мајсторот Петар Богоевски