Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и Јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, во четвртокот потпишаа нов Протокол за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, со што уште еднаш ја потврдија посветеноста за засилување на интер-институционалната координација за успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка.

Тошковски нагласи дека засилената заложба за подобрување и јасно дефинирање на системот за борба против криминалот значи и постојано унапредување на правилата на игра, по кои институциите ќе можат да соработуваат, и што е поважно, ефикасно да ја водат таа борба.

„Прецизните правила значат поголема ефикасност за институциите, за правдата и за законите, ќе ја зацврстат нашата меѓусебна координација и ќе креираат една силна институционална алатка повеќе за борба со сите форми на криминал и корупција со кои се среќаваме секојдневно. Со потпишување на овој Протокол ги поставуваме темелите на доверба и соработка, каде што заедничката цел е јасна – успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка“, нагласи министерот Тошковски.

Министерот образложи дека документот утврдува јасни насоки и правила за постапување на полициските службеници и јавните обвинители, во активностите што се преземаат за откривање и гонење на сторители на кривични дела, а во исто време треба да го подобри функционирањето и ефикасноста на кривичниот прогон како дел од кривично-правниот систем.

„Ова не е само правен документ, туку и знак на волја за заедничка акција, заснована на доверба, транспарентност и отчетност.“, нагласи министерот Тошковски на чинот на потпишувањето.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски ја потенцираше оперативната вредност на Протоколот.

!Протоколот не е некаква политичка декларација, туку оперативен план заснован врз нашите закони за кривична постапка. Ги поедноставува процедурите за соработка, обезбедува јасност во сложените случаи и ја засилува координацијата во посебните мерки за истрага. Нашите институции се соочуваат со високо софистицирани форми на криминал и овој Протокол ќе ни помогне да се адаптираме и да се соочиме со тие предизвици„, потенцираше обвинителот Коцевски.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, кои учествуваа во креирањето на овој Протокол нагласи дека МВР и Јавното обвинителство влегуваат во нова фаза на соработка во која ќе се реализираат придобивките од овој протокол.

„Овој чекор ќе го засили делот на спроведување на кривичната постапка, ќе има видлив оперативен ефект и ќе поплочи патот кон заеднички обуки и практики. Стандардно оперативните процедури и практични алатки ќе овозможат многу поефикасна борба со сложените криминални случаи, корупцијата, организираниот криминал, финансиските криминали и сајбер криминалот“, потенцираше амбасадорот Вал.

globe

Слични новости

Таравари потврди дека разговарал со Ахмети, no само телефонски

Таравари потврди дека разговарал со Ахмети, no само телефонски

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој се повлече од коалицијата ВЛЕН откако реши самостојно да излезе на локалните избори, призна дека разговорал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во интервју за Лајм изјави дека немало средба, но дека се слушнале телефонски

До 10.000 евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб-страниците

До 10.000 евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб-страниците

Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека трговците имале доволно време да се прилагодат на оваа нова законска обврска и дека таа е во интерес на граѓаните. Законската обврска важи за сите трговци освен за оние кои имаат до десет вработени