Во дулетот меѓу второпласираниот тим на западот Хјустон и првопласираната екипа на Оклахома, Хјустон забележа победа со резултат 125:111. Најефикасни кај Хјустон беа Џејлен Грин со 34 коша и Алперен Шенгун со 31.
Кај ОКлахома Џејлен Вилијамс постигна 33 коша, а првиот стрелец на НБА лигата Шеи Гилџес Александар беше запрен на 22 поени. Со оваа победа Хјустон најверојатно го обезбеди второто место во плеј офот на западната конференција.

Во источната конфренција Бостон Селтикс го потврдија второто место со победата врз Феникс од 123:103. Џејлен Браун постигна 31 кош, а Џејсон Тејтум 23.
Кај Феникс најдобар поединец беше Девин Букер со 37 коша. По овој пораз Феникс остана на 11-тата позиција со 35 победи и 42 пораза и најверојатно ги загуби шансите да игра во плеј инот сдо два натпреваи заостанување зад Сакраменто Кингс на 10-тата позиција.
Изостанувањето на Феникс од плеј офот и плеј инот сезонава е големо изненадување, откако тимот го доведе во своите редови Бредли Бил и имаше три супер ѕвезди со огромни плати : Девин Букер, Бредли Бил и Кевин Дурант.
Слични новости
Реми на „Олимпико“, Рома – Јувентус 1:1
Во последниот неделен натпревар од 31. коло на италијанската Серија А, Рома на својот „Олимпико“ го пречека Јувентус, а натпреварот заврши со резултат 1:1
Манчестерското дерби без голови
Дербито на Манчестер меѓу фудбалерите на Јунајтед и Сити одиграно во рамките од 31. коло на англиската Премиер лига во неделата на „Олд Трафорд“, заврши без голови
Флорида против Хјустон за титулата НЦАА
Флорида и Хјустон ќе играат во финалето на овосезонскиот финален плејоф турнир на американската универзитетска кошаркарска НЦАА лига