Над 61 процент од граѓаните би одговориле позитивно на референдумско прашање за влез на Македонија во Европската Унија, покажува анкетата која за емисијата Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС).
Негативен одговор според истражувањето би дале 23.5 проценти од граѓаните.

Поддршката за ЕУ е повисока кај испитаниците Албанци од кои над 77 проценти даваат позитивен одговор додека кај испитаниците Македонци позитивен одговор даваат 55 проценти. Сепак прогнозите на граѓаните за полноправно членство на државата во ЕУ не се оптимистични. Речиси секој трет или 29.6 проценти велат дека земјата никогаш нема да се приклучи на ЕУ. 20 проценти сепак сметаат дека тоа може да се случи во следните 5 години. Дека во изминатите години има напредок во спроведувањето на реформи и достигнувањето на европските стандарди сметаат само 26 проценти од испитаниците.
Сепак споредено со истата анкета спроведена лани, има значително намалување на бројот на испитаници кои велат дека назадуваме од 41 кои таков одговор дале во 2024-та година на 17 проценти оваа година. Секој втор испитаник смета дека почетокот на преговорите со ЕУ ќе даде одговор на предизвиците во клучните сектори како образование, здравство, судство и други.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе ИПИС со телефонска анкета спроведена од 1 до 4 март оваа година на репрезентативен примерок од 1050 испитаници од целата држава.
Слични новости
Министерот Муцунски во Брисел: Проширувањето мора да биде врвен политички приоритет со јасна и предвидлива траекторија
Министерот изрази искрена благодарност до Европската Унија и земјите членки за покажаната солидарност и брзата реакција по трагичната несреќа во Кочани, оценувајќи ја како автентичен пример за европски вредности на дело
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочуваат од Владата.
ССМ бара минимална плата од 500 евра, во спротивно генерален штрајк или протест
Членовите на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија пред Владата побараа повлекување на одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари и намалување на платите на избраните и именуваните лица на ниво на минимална плата. Од ССМ побараа да запрат и нападите врз синдикатите.