Бројот на загинати во зејотресот со сила од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар се искачи на 1,002, додека над 2.300 луѓе се повредени, соопшти војската на оваа земја.
Уште 30 лица се водат како исчезнати, а спасувачките акции се во тек, пренесе агенцијата Синхуа.

Земјотресот го погоди Мајнмар вчера во 12 и 50 според локално време, а епицентарот беше на 16 километри од Мандалај вториот по големина град во земјата.
Урнати се зградите во неколку градови и населби, а по првиот земјотрес се случи и втор со силина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Спасувачките операции ги отежнува оштетената инфраструктура и тешко пристапните региони, објави Асошиејтед прес.
Земјотерсот го погоди и соседен Тајланд каде што загинаа осум лица, а 79 се водат како исчезнати.
Слични новости
Пентагон најавува зајакнување на воздушните сили на Блискиот исток
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет распореди дополнителни борбени авиони за да ги зајакне поморските сили на Пентагон на Блискиот исток
Висок руски функционер ќе го посети Вашингтон, според CNN
Се очекува висок руски функционер оваа седмица да го посети Вашингтон, поради разговори со претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, извести CNN
Американски сенатори за санкции против Русија доколку ги блокира мировните преговори со Украина
Половина од американскиот Сенат, 25 републиканци и 25 демократи, во вторникот ги здружија силите за да предложат санкции кои ќе ѝ бидат наметнати на Русија доколку таа одбие да се вклучи во добра волја во мировни преговори со Украина