Американскиот потпретседател ЏејДи Венс слета во петокот на Гренланд додека претседателот Доналд Трамп продолжува да инсистира Вашингтон да ја преземе контролата врз полуавтономната данска територија.
Посетата на американската воена база во Питуфик на северот на арктичкиот остров доаѓа само неколку часа откако во главниот град Нук беше претставена новата проширена владина коалиција, која засега сака да ги задржи врските со Данска. Новиот премиер рече дека посетата на Венс покажува „недостиг од почит“ и повика на единство во услови на „надворешен притисок“.

Данскиот крал објави изјава на социјалните мрежи во која вели: „Живееме во изменета реалност. Не треба да има сомнеж дека мојата љубов кон Гренланд и мојата врска со народот на Гренланд се недопрени“, пишува кралот Фредерик.
Во американската делегација се и сопругата на американскиот потрпеседател Уша Венс, советникот за национална безбедност Мајк Волц и министерот за енергетика Крис Рајт. Според првичната програма, сопругата на ЏејДи Венс и Волц требаше да присуствуваат на трката со санки со кучиња, иако европските медиуми наведуваат дека ниту гренландските, ниту данските власти не ги поканале, иако станува збор за настан од јавен и отворен карактер.
Поради јавните протести и гневните реакции од Гренланд и Данска, американската делегација едноставно одлета во воена база и нема да се сретне со јавноста.
Според договорот од 1951 година, претставниците на САД можат да ја посетат нивната база кога сакаат, под услов да го известат Гренланд или Копенхаген. Питуфик се наоѓа на најкратката рута од Европа до Северна Америка и е од клучно значење за американскиот систем за рано предупредување за балистички ракети.

Слични новости
Пентагон најавува зајакнување на воздушните сили на Блискиот исток
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет распореди дополнителни борбени авиони за да ги зајакне поморските сили на Пентагон на Блискиот исток
Висок руски функционер ќе го посети Вашингтон, според CNN
Се очекува висок руски функционер оваа седмица да го посети Вашингтон, поради разговори со претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, извести CNN
Американски сенатори за санкции против Русија доколку ги блокира мировните преговори со Украина
Половина од американскиот Сенат, 25 републиканци и 25 демократи, во вторникот ги здружија силите за да предложат санкции кои ќе ѝ бидат наметнати на Русија доколку таа одбие да се вклучи во добра волја во мировни преговори со Украина