Владеењето на правото, како клучна компонента за сè и јавната администрација се области во кои земјата најмногу доцни во исполнување на реформите. Потребна ни е компетентна јавна администрација која ќе ги спроведе сите реформи. Владеењето на правото стагнираше во изминативе неколку години и затоа треба да имаме конкретни чекори, вели евроамбасадорот Михалис Рокас.

На денешната прес-конференција на Рокас и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, на која беа презентирани мерките од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027, евроамбасадорот, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека ставот на Европската Унија е дека сè што може да се гледа како мешање во независноста на судството за нив предизвикува загриженост.

„Сакаме преку реформи, кои сите ги чекаме, да видиме силно судство“, порача Рокас.

Според него, не се работи за поединци, туку за процесот. ЕУ, или она што тие го препорачуваат, е силен систем што ќе ја почитува независноста на судство.

Во однос на Реформската агенда, евроамбасадорот вели дека претпристапната помош всушност е двигател со којшто се постигнува проширувањето.

„Да бидам јасен околу една работа – парите коишто ги даваме денеска се всушност дополнување на она што веќе постои. Реформската агенда и распределбата за Република Северна Македонија е 750,4 милиони евра, покрај тековните ИПА програми што надминуваат 500 милиони евра во чисти грантови за финансирање. Со овие финансиски распределби и јасната политичка поддршка, реформската агенда од Планот за раст е досега невидена можност за земјата да ги забрза клучните придобивки од членството на ЕУ“, изјави еврамбасаорот.

Спроведувањето на Реформската агенда од Планот за раст, нагласи Рокас, треба да резултира со тројна победа – опипливи придобивки за граѓаните, забрзување на интеграцијата на земјата во ЕУ и дополнителни ресурси во буџетот на земјата за поддршка на потребните реформи. Резултатите ќе се оценуваат два пати годишно, а средствата ќе се ослободуваат соодветно на фиксните полугодишни распореди само ако се постигнат целите, ќе се вршат и плаќањата кон националните буџети.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани укажа на важноста на Планот за комуникација и видливост на Планот за раст која, како што рече, е клучот на успешноста на реформите.

„Добро осмислената и спроведена комуникација не е само формален чекор или административна задача. Напротив комуникацијата е клучот на успешноста на реформите. Јасноста, транспарентноста и разбирливоста се услов граѓаните да почувствуваат дека реформите се нивни и дека евроинтеграција не е далечен и апстрактен концепт, туку конкретна и опиплива можност за подобар живот“, рече меѓу другото Муртезани.

Планот за комуникација и видливост е создаден во тесна комуникација со Делегацијата на ЕУ, претставува стратешки документ и зацртана насока и јасна определеност за отвореност и транспарентност кон сите граѓани и нивно вклучување во спроведувањето на реформите.

globe

Слични новости

Милошоски: Мој личен став е дека министерот за правда има слаб придонес во областа со која раководи

Милошоски: Мој личен став е дека министерот за правда има слаб придонес во областа со која раководи

– Ова е мој личен став. Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските коишто ги има преземено за реформите во правосудството“, рече Милошоски.

Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност го разгледа и проследи на понатамошна постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир со кој се предлага измена на законската регулатива во насока на забрана на употреба на експлозивни материи – пиротехнички средства во затворен простор

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Универзитетското студентско собрание на Скопскиот универзитет (УСС на УКИМ) не е против нови здруженија и организации на студенти и ќе ги повика на дискусија за сите предизвици со кои се соочуваат студентите, изјави претседателот на УСС на УКИМ Александар Николовски