Цените на акциите паднаа трет ден по ред на европските берзи во петокот во претпладневнот тргување, па се на патот на седмични загуби, што е последица од сравувањата на инвеститорите о ескалација на царинската војна.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,2 отсто во првиот дневвен пресек од тргувањето и е на пат за неделна загуба од околу 0,8 отсто. Лондонски FTSE индекс се намали за 0,12 отсто, на 8.656 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,57 отсто, на 22.548 поени, а париски CAC за 0,49 отсто, на 7.950 поени.

Цените на акциите паднаа и на азиските берзи. Јапонскиот индекс Nikkei потона за 1,8 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Хонгконг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,7 и 1,9 отсто. Во Австралија, пак, благо се зголемија.

Како и вчера, автомобилскиот сектор е под најголем притисок, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царини од 25 отсто за увоз на сите автомобили што не се произведени во САД.

Поради ова, берзанските индекси на Волстрит вчера паднаа, втор ден по ред. Dow Jones падна за 0,37 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,33 отсто, а Nasdaq индексот падна за 0,53 отсто.

Инвеститорите се нервозни и бидејќи Трамп наскоро ќе претстави план за воведување реципрочни царини за увоз од сите земји кои наплаќаат царини за увоз на американски производи.

Промената на трговската политика на Трамп предизвика неизвесност на глобалните берзи бидејќи инвеститорите стравуваат од прекини во синџирите на снабдување и зголемување на инфлацијата, што негативно ќе влијае на економскиот раст.

Покрај тоа, инвеститорите стравуваат од ескалација на тарифната војна бидејќи многу земји најавија контрамерки поради американските царини.

„Инвеститорите се многу внимателни и загрижени за политиките на Трамп. Дури и повеќе од политиките, тие се загрижени за постојаните промени. Ова ги прави навистина нервозни за носење долгорочни инвестициски одлуки, без разлика дали зборуваме за компании или инвеститори”, вели Џед Елербрук, портфолио менаџер во „Argent Capital“.

globe

Слични новости

Цените на нафтата блиску до 75 долари

Цените на нафтата блиску до 75 долари

Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари близу нивото од 75 долари, балансирајќи меѓу загриженоста за понудата од Русија поради американските закани со царини и стравувањата дека бранот царини би можел да го спречи глобалниот економски раст и побарувачката на енергија

Инфлацијата во еврозоната благо слабее во март

Инфлацијата во еврозоната благо слабее во март

Инфлацијата во еврозоната благо ослабе во март, бидејќи значително поумерениот пораст на цената на услугите го надмина скокот на цените на свежата храна, покажаа во вторникот објавените проценки на Европската статистичка служба