Во четвртокот вечер во Лондон беше одржана гала промоција на бел килим на прочуениот Лестер сквер на новата серија на парамаунт „Мобленд“ на познатиот англиски режисер Гај Ричи.

На гала промоцијата се појави целиот каст на серијата предводен од славните актери Том Харди, Пирс Броснан и Хелен Мирен. Премиерата на серијата на стримерот Парамаунт плус е најавена за 30-ти март.

Поранешниот Џемс Бонд Пирс Броснан изјави дека уживал во соработката со Хелен Мирен која е нгова сопруга во серијата и рече дека отсекогаш се восхитувал на нејзиниот актерски талент.

Броснан рече и дека во неговиот прв филм како актер „Долгиот добар петок“ глумела токму Хелен Мирен, но не како негова партнерка, затоа што тој играл една од споредните улоги. 

Пирс Броснан го толкува ликот на шефот на ирското подземје во Лондон Конрад Хариган, Хелен Мирен е неговата сопруга која е „мозкот“ на криминалните операции, а Том Харди е во улога на „фиксерот“ на криминалното семејство.

 

 

 

Слични новости

Затворена проекција на „Големото храбро прекрасно патување“ со Колин Фарел и Маргот Роби

Затворена проекција на „Големото храбро прекрасно патување“ со Колин Фарел и Маргот Роби

Филмот „Големото храбро прекрасно патување“ на јужнокорејскиот режисер Когонада имаше затворена проекција во Лас Вегас. Когонада на проекцијата емитуваше ексклузивни снимки од филмот чија премиера е закажана за 19 септември.