Во одложениот натпревар од 27 коло на шпанското фудбалско првенство Барселона на домашниот „Монжуик“ пред 42.000 гледачи ја победи Осасуна без многу напор со 3:0, па сега се осами на врвот на табелата пред Реал Мадрид.
Натпреварот меѓу Барселона и Осасуна првично требаше да се одигра на 8 март, но беше одложена поради ненадејната смрт на клупскиот лекар на Барселона, 53-годишниот Карлес Минаро Гарсија.
Гарсија починал во сон попладнето во хотелската соба неколку часа пред почетокот на натпреварот. Двата клуба се жалеа на новиот термин, кој доаѓа нецели два дена по завршувањето на репрезентативните обврски на нивните играчи во квалификациите за Светското првенство, но Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одби жалбите на двата клуба.
Барселона речиси рутински стаса до новите три бода. Домашните поведоа веќе во 11. минута, Алехандро Балде нафрли од левата страна а пред противничкиот гол најдобро се снајде Феран Торес и погоди за 1:0.

Десет минути подоцна Барса веќе ја удвои предноста. Педри со фантастична топка го проигра Дани Олмо кој излезе сам пред Серхо Херера, а гостинскиот голман го собори за најстрога казна.
Олмо го изведе казнениот удар а Херера одбрани, но судијата Матео Бускетс по асистенција на ВАР-от го повтори ударот од белата точка бидејќи Монгајола поране втрчал во својот шеснаесетник. Олмо повторно шутираше, го гаѓаше истиот агол од голот но овојпат погоди. Меѓутоа, само седум минути подоцна Олмо поради повреде мораше да го напушти теренот.
Победата на каталонскиот тим ја потврди Роберт Левандовски со погодокот во 77. минута, девет минути откако влезе во игра. Ова беше неговиот 23 првенствен гол оваа сезона и остана водечи на листата на стрелците.
Барселона се води на табелата со 63 бодови, Реал Мадрид има 60 а Атлетико Мадрид е трет со 56 бодови. Осасуна, пак, е на 14-то место со 33 бодови, шест повеќе од зоната на испаѓање.

Слични новости
МЛС му забрани на телохранителот на Меси на работ од теренот
Телохранителот на веројатно најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси, Јасин Чеуко, доби забрана да стои на самата линија на теренот за време на натпреварите
Продолжуваат победничките серии на Бостон и Оклахома
Бостон Селтикс ја продолжија победничката серија на девет натпревари совладувајќи ги Мемфис Гризлис на гости со 117:103
Манчестер Сити подолго време без Халанд
Манчестер Сити во понеделникот потврди дека 24-годишниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд ќе биде надвор од терените во поголемиот дел од тековната сезона, откако се здоби со повреда во четвртфиналето на ФА Купот