Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди во четвртокот на „пожари на антисемитизмот“ во Западна Европа на конференцијата која беше засенета од бојкотот на неколку еврејски говорници поради присуството на десничарски и крајно десничарски европски политичари.
Конференцијата во Ерусалим, организирана од Министерството за прашања на дијаспората, беше опишана како „заеднички дијалог за соочување со современиот антисемитизам“.

Но, настанот беше бојкотиран од неколку говорници, меѓу кои и лидерот на Лигата за борба против клеветата Јонатан Гринблат и францускиот филозоф Бернар-Анри Леви, кои најавија дека нема да присуствуваат на конференцијата поради присуството на одредени луѓе, меѓу кои и Жордан Бардела, претседател на француската крајнодесничарска партија Национален собир.
Неколку од нив дојдоа на посебен настан за антисемитизмот организиран од израелскиот претседател Исак Херцог претходно во средата.
Нетанјаху рече дека антисемитизмот расте во европските метрополи, западниот печат, социјалните медиуми и на елитните американски универзитети.
„Цивилизираните општества мора одлучно да се борат против тоа за да ја заштитат својата иднина“, рече Нетанјаху.
Неколку говорници го поврзаа порастот на антисемитизмот со она што Нетанјаху го нарече „системски сојуз меѓу ултра-прогресивната левица и радикалниот ислам“, а неколкумина го пофалија американскиот претседател Доналд Трамп.
Министерот за дијаспора Амихаи Шикли ги пречека членовите на Европскиот парламент, вклучително и Бардела, кој ја опиша неговата партија како „најдобар штит за нашите еврејски сограѓани“.
Партијата, порано позната како Национален фронт, долго време се обидува да го отфрли расистичкиот и антисемитски имиџ поврзан со нејзиниот основач, покојниот Жан-Мари Ле Пен, кој своевремено нацистичкиот холокауст го нарече „детал во историјата“.
Во главниот говор, Бардела рече дека борбата против антисемитската омраза е „директна, морална и политичка борба“.
„Мораме неуморно да запомниме дека анти-ционизмот е многу често изговор за антисемитизам, што е идеологија на оние кои не можат да го поднесат постоењето на еврејската нација“, рече тој.
Шикли рече дека крајно десничарските и десничарските политичари во Европскиот парламент, вклучително и Бардела, се соочиле со „лагите што ги шират против нив оние кои ја оцрнуваат државата Израел низ целиот свет“.

Слични новости
Светот во исчекување на „царините на Трамп“
Потегот, најавен за среда, еден од многуте во кои Трамп ги искористи своите претседателски овластувања, беше поттикнат од неговото инсистирање дека најголемата светска економија е „измамена од секоја земја во светот“
Поплави на Парос и Миконос
Грчките острови Парос и Миконос, популарни меѓу туристите во текот на летната сезона, во понеделникот вечерта беа погодени од поројни поплави
Кина одржува големи воени вежби околу Тајван
Кина го распореди својот носач на авиони „Шандонг“ и други воени бродови околу Тајван, соопшти во вторникот тајванското Министерство за одбрана, додека Пекинг најави воени вежби околу островот