Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот ги опиша плановите на неговиот американски колега Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд како „сериозни“, изразувајќи загриженост дека Арктикот може да се претвори во „отскочна даска за можни конфликти“.

„Тоа се сериозни планови на САД кога станува збор за Гренланд, планови кои имаат стари историски корени“, рече Путин на конференцијата во Мурманск посветена на арктичкото прашање.

Алудирајќи на наведената намера на американскиот претседател да го придобие Гренланд, Путин рече дека тоа нема никаква врска со Русија, но дека е јасно дека САД ќе продолжат да ги промовираат своите интереси на Арктикот.

Додаде дека геополитичките ривалства на Арктикот се интензивираат, но дека соработката во регионот е можна, вклучително и меѓу Москва и западните земји.

Русија е загрижена поради тоа што „земјите од НАТО генерално сѐ повеќе го одредуваат Далечниот север како отскочна даска за можни конфликти“, рече тој, а Русија ја следи ситуацијата и подготвува соодветен одговор.

„Очигледно е дека улогата и важноста на Арктикот расте и за Русија и за целиот свет. Но, за жал, геополитичката конкуренција, борбата за позиции во овој регион, исто така се интензивира“, нагласи рускиот претседател.

На странските партнери кои се подготвени да соработуваат со Русија во арктичкиот регион ќе им се гарантира добар поврат на инвестициите, рече Путин во големиот говор во северниот град Мурманск.

Тој, исто така, рече дека Русија ќе стационира повеќе воен персонал на Арктикот.

Путин повика на проширување на северните пристаништа на Русија и изградба на трговска флота на Арктикот, со помош на мразокршачи од новата генерација, вклучително и оние на нуклеарен погон. Русија, инаку, во моментов поседува флотила мразокршачи според бројноста колку и сите други претенденти во регионо заедно.

Но, тој рече дека домашните капацитети на Русија во моментов се недоволни за ова, и дека исто така ќе бара купување бродови и меѓусебно поврзување со странски бродоградители.

Арктикот е богат со фосилни горива и минерали кои би можеле да станат подостапни со глобалното затоплување.

Тоа е исто така област на воена конкуренција, каде одбранбените аналитичари велат дека Русија го изградила своето присуство многу побрзо од Западот со повторното отворање на базите од советската ера и модернизирање на нејзината морнарица.

globe

Слични новости

Светот во исчекување на „царините на Трамп“

Светот во исчекување на „царините на Трамп“

Потегот, најавен за среда, еден од многуте во кои Трамп ги искористи своите претседателски овластувања, беше поттикнат од неговото инсистирање дека најголемата светска економија е „измамена од секоја земја во светот“

Поплави на Парос и Миконос

Поплави на Парос и Миконос

Грчките острови Парос и Миконос, популарни меѓу туристите во текот на летната сезона, во понеделникот вечерта беа погодени од поројни поплави

Кина одржува големи воени вежби околу Тајван

Кина одржува големи воени вежби околу Тајван

Кина го распореди својот носач на авиони „Шандонг“ и други воени бродови околу Тајван, соопшти во вторникот тајванското Министерство за одбрана, додека Пекинг најави воени вежби околу островот