Кинески лекари ја извршија првата трансплантација на свински црн дроб на човек, објавија научниците од Воено-медицинскиот универзитет Ксиан во северозападна Кина.
Искористениот црн дроб бил од минијатурна свиња, која била генетски модифицирана за да се намали ризикот од отфрлање на органот.
Откако бил всаден во организмот на лице без когнитивни функции (пациент со мозочна смрт), црниот дроб успешно произведувал жолчка и одржувал стабилен проток на крвта.
Научниците потоа следеле колкава е способноста на црниот дроб да ги извршува своите основни функции, протокот на крвта и неговиот имунолошки и воспалителен одговор во следните десет дена.

Истражувачите се надеваат дека органот може да се користи во иднина како потенцијален начин на лекување кај пациенти со откажување на црниот дроб кои чекаат органи од човечки донатори.
„Црниот дроб што го зедовме од генетски модифицираната свиња функционираше многу добро во човечкото тело. Ова е големо достигнување. Оваа операција беше навистина успешна”, вели професорот Лин Ванг, автор на студијата, чии резултати се објавени во референтното научно списание Nature.
„Го следевме протокот на крв во различни вени и артерии. Сè функционираше многу добро“, додава Ванг.
Експериментот е прекинат по десет дена на барање на членовите на семејството на пациентот.
За да ја подобрат компатибилноста со човечкиот црн дроб и со цел за трансплантација на луѓе, научниците модифицирале шест гени. Наодите сугерираат дека таквиот модифициран црн дроб може да функционира во човечкиот оганизам, но потребни се дополнителни истражувања за долгорочни резултати, се вели во студијата.
Ванг изразува желба во иднина да спроведе дополнителни истражувања и на луѓе кои не се проглесени мозочно мтрви, но предупредува на бројни компликации и „многу строгите правила“ за такви операции.
Рафаел Матесанц, основач на шпанската Национална организација за трансплантација, вели дека „ова е прв случај на трансплантација на генетски модифициран свински црн дроб во телото на мозочно мртов човек во светот“.
„Крајната цел на експериментот не беше да се изврши стандардна, вообичаена трансплантација на црн дроб, туку да се покаже дека овој тип хируршка процедура може да користи свински црн дроб како еден вид ‘премосен орган’ во случаи на акутна црнодробна инсуфициенција, односно додека се чека човечки орган за конечна трансплантација“, вели Матесанц.
Трансплантацијата на црн дроб е најефективниот начин за лекување на заболување на црниот дроб во краен стадиум, но побарувачката за донорски органи далеку ја надминува понудата.
Свињите се сметаат за најдобар алтернативен извор на органи поради нивната компатибилност со луѓето во однос на физиолошката функција и големината.
Слични новости
Бокс офисот во САД во просек забележува пад на приходот од 11 проценти
Бокс офисот и натаму бележи слаби резултати, а викендов долгогочекуваниот хит „Снежана“ заработи само 14,2 милиони долари што е пад за 66 насто во однос на премиерниот викенд.
Почна снимањњето на третата сезона на „Куќата на змејот“ на ХБО
Во Велика Британија започна снимањето на третата сезона на хит серијата „Куќата на земјот“ која е приквел на легендарната серија „Игра на тронови“.
Затворена проекција на „Големото храбро прекрасно патување“ со Колин Фарел и Маргот Роби
Филмот „Големото храбро прекрасно патување“ на јужнокорејскиот режисер Когонада имаше затворена проекција во Лас Вегас. Когонада на проекцијата емитуваше ексклузивни снимки од филмот чија премиера е закажана за 19 септември.