Вкупниот долг на Кина трипати поголем од бруто домашниот производ (БДП) и веројатно ќе се зголеми дополнително, изјави во четвртокот заменик-гувернерот на централната банка Ксуан Чангенг, додавајќи дека сѐ уште имаат простор да ја олеснат монетарната политика за поддршка на економијата.

„Позицијата на Кина за спроведување на соодветно приспособлива монетарна политика е јасна, со доволен простор за маневрирање“, рече Ксуан на годишната конференција на Форумот Боао за Азија.

 

 

Паричната маса, која вклучува готовина и краткорочни штедни влогови, е повеќе од двапати од БДП-то на Кина, а вкупниот долг е трипати поголем, а и двата показатели продолжуваат да растат, додаде претставникот на кинеската централна банка.

„Соодносот на монетарниот агрегат М2 кон БДП надмина 200 отсто, а односот на вкупниот долг кон БДП е повеќе од 300 отсто“, изјави Ксуан.

Вкупниот долг на Кина ја мери вкупната задолженост на економијата и континуирано расте поради владините напори да го поддржи економскиот раст.

Кинеската централна банка има намера да ги намали стапките на задолжителната резерва и каматните стапки на банките „во соодветно време“, во зависност од домашните и меѓународните економски и финансиски услови, како и развојот на финансиските пазари, повтори вицегувернерот.

Централните банкари ширум светот се соочуваат со „невидена“ неизвесност поради геополитиката и деглобализацијата и зголемената нестабилност на глобалниот финансиски пазар, нагласи тој.

globe

Слични новости

Цените на нафтата блиску до 75 долари

Цените на нафтата блиску до 75 долари

Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари близу нивото од 75 долари, балансирајќи меѓу загриженоста за понудата од Русија поради американските закани со царини и стравувањата дека бранот царини би можел да го спречи глобалниот економски раст и побарувачката на енергија

Инфлацијата во еврозоната благо слабее во март

Инфлацијата во еврозоната благо слабее во март

Инфлацијата во еврозоната благо ослабе во март, бидејќи значително поумерениот пораст на цената на услугите го надмина скокот на цените на свежата храна, покажаа во вторникот објавените проценки на Европската статистичка служба