На девизните пазари во раното претпладневно тргување во четвртокот благо падна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,32 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 104,35 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 150,50 на 150,15 јени.
Но американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0775 долари, додека вчера во истиот момент од трговскиот ден изнесуваше 1,0785 долари.
Цените на нафтата, пак, благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар препладнево падна за 0,08 отсто, на 73,75 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,07 отсто, на 69,60 долари.
Слични новости
Инфлацијата во еврозоната благо слабее во март
Инфлацијата во еврозоната благо ослабе во март, бидејќи значително поумерениот пораст на цената на услугите го надмина скокот на цените на свежата храна, покажаа во вторникот објавените проценки на Европската статистичка служба
Нов рекорд на златото
Цената на златото, кое се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња, претпладнево четврти ден по ред достигна ново рекордно ниво – 3.145 долари за унца
Остар пад на Волстрит во првиот квартал
На Волстрит индексот S%P 500 благо порасна во понеделникот, но падна со највисока стапка од 2022 година во текот на целиот прв квартал, што е последица од стравувањата на инвеститорите од ескалација на царинската војна