Министерот за здравство Арбен Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата, по трагичниот настан во Кочани, да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација. Тој повтори дека има држави кои се подготвени, доколку имаме потешки случаи за рехабилитација, да ги примат овие пациенти.

„Процесот на рехабилитација на пациентите кои се лекуваат по трагичниот настан во Кочани ќе биде долг и макотрпен, меѓутоа таква е ситуацијата. Мораме да се соочиме со тоа и мораме добро да одговориме и на оваа фаза. Ги поминавме првите десет дена и барем досега резултатите се добри. До денеска нема починати, иако имаме четири пациенти во критична состојба. Сега сме во втората фаза на компликации и рехабилитации“,  посочи вечерва Таравари во гостувањето на телевизија Сител.

 

Додаде дека компликации очекува да има една до две недели, а за одредени пациенти рехабилитацијата веќе е почната и може да трае од неколку недели до неколку месеци.

„За жал, генерално се работи за деца од 15 до 25 години. На нив многу им значи не само физичкото здравје, туку и естетскиот изглед, а се работи за изгореници што можат да остават лузни и кои би можеле да ги стигматизираат во општеството. Како држава ќе се обидеме максимално да бидат рехабилитирани и третирани, за што понормално да го продолжат нивниот живот“,  рече Таравари.

 

Во однос на тоа дали се размислува за Центар за рехабилитација, Таравари рече дека од идната недела ќе се разговара поконкретно во однос на ова прашање.

„За специјален Центар за рехабилитација никогаш не сме размислувале ниту постоел во државата, но како држава треба сериозно да размислиме дека ни треба таков центар. За две недели не можеме да го изградиме. Една опција се болниците кои имаат помала искористеност, односно имаат помалку пациенти, а друга опција се ресурсите кои не се користени – спрат во некоја болница или здравствен објект којшто помалку се користи. Меѓутоа пред сè, важни ни се човечките ресурси, треба да имаме луѓе кои ќе бидат професионални“, рече Таравари.

globe

Слични новости

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна

При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило „бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.

ССМ: На 2. април јавна седница, на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат

ССМ: На 2. април јавна седница, на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат

Сојузот на синдикатите на Македонија в среда ќе одржи јавна седница на органите и телата на ССМ и органите и телата на синдикатите здружени во ССМ, која ќе почне од пред Работнички дом во 12:05 часот