Германскиот извоз во САД ќе расте послабо следните десет години поради трговските конфликти и зголемениот американски протекционизам, но извозниците би можеле да ги надоместат загубите на пазарите во Европската унија, според истражувањето на ревизорската компанија „Deloitte“.
Веднаш штом влезе во Белата куќа кон крајот на јануари, претседателот Доналд Трамп објави серија царини чија главна цел е да ја заштитат и поддржат домашната економија и поттикнување на враќањето на производството коешто со децении се преместуваше во странство.
Трговските бариери објавени до средината на март најверојатно ќе го намалат германскиот извоз во САД во просек за 3,2 отсто годишно до 2035 година, пресметале во „Deloitte“. Според нивните предвидувања, германскиот бизнис во САД ќе се намалува во следните десет години од сегашните 84 милијарди евра на 59 милијарди евра.
Уште минатата есен, кога во Белата куќа сѐ уште беше демократот Џо Бајден, германскиот извоз во САД се очекуваше да порасне за 1,8 отсто годишно до 2035 година. Во такви услови, германскиот извоз во другите европски земји ќе расте во просек за 2,5 отсто годишно до 2035 година, според пресметките на „Deloitte“. Минатата есен пресметаа дека извозот во десет главни европски партнери ќе порасне за 1,8 отсто годишно.

Таквото темпо на раст би можело да биде повеќе од доволно за да се надомести загубата во трговијата со САД, барем во номинална смисла, забележуваат во „Deloitte“.
Посилниот раст на внатрешноевропската трговија може да го неутрализира падот на германскиот извоз во САД, а под соодветни услови дури и да донесе плус, додаваат тие, а за да го достигне својот целосен потенцијал, ЕУ мора да ги отстрани пречките што моментално ја кочат.
Обемот на германската трговија со десетте најголеми купувачи во Европа моментално изнесува 357 милијарди евра и веќе е повеќе од четири пати поголем од обемот на трговијата со САД, а до 2035 година најверојатно ќе скокне на 467 милијарди евра. Тоа би значело дека таа би била дури осум пати поголема од обемот на трговската размена со САД.
„Единствениот пазар на ЕУ е неискористен потенцијал за германската индустрија. Со оглед на зголемениот протекционизам во светската трговија, на Германија добро би ѝ дошло поттикнување од Брисел“, вели Оливер Бендиг, партнер и директор на индустриската консултантска практика во „Deloitte“.
Европа ги укина царинските давачки и воспостави единствен пазар, но не ги отстрани сите бариери за трговијата, како што се различните регулативи за сертификација, пакување и негово отстранување, како и повеќекратните обврски за известување и сложените даночни системи, според „Deloitte“.
„Германските компании се задржани од тежок бирократски товар кој стана уште потежок во последниве години“, тврди Бендиг.
„Товарот“ вклучува дополнителни давачки од 44 отсто за индустриските стоки, соопшти „Deloitte“, повикувајќи се на податоци од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Ако овие такси се преполоват, работењето со повеќето членки на ЕУ може да се направи за дополнителен еден процент годишно до 2035 година, тврдат тие.
Доколку пречките би биле целосно отстранети, стапката на раст во многу случаи би можела да биде двојно поголема, проценува во „Deloitte“.
Машинскиот и електротехничкиот сектор во моментов имаат најмногу проблеми со високите трговски бариери во рамките на ЕУ, и затоа би имале најголема корист од нивното отстранување. Трговијата со автомобили и хемикалии во Европа во моментов е многу помалку ограничена, така што влијанието на отстранувањето на трговските бариери би било значително поблаго, покажа истражувањето.
Слични новости
Италијанската „illy“ размислува за печење кафе во САД
Италијанскиот производител на кафе „illycaffè“, објави дека ја разгледува можноста за печење кафе во САД за да ја елиминира заканата од поскапувања што би настанале со новите царини
Инфлацијата во еврозоната благо слабее во март
Инфлацијата во еврозоната благо ослабе во март, бидејќи значително поумерениот пораст на цената на услугите го надмина скокот на цените на свежата храна, покажаа во вторникот објавените проценки на Европската статистичка служба
Нов рекорд на златото
Цената на златото, кое се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња, претпладнево четврти ден по ред достигна ново рекордно ниво – 3.145 долари за унца