Првпат од 2012 година е донесена одлука за минималната плата без работниците. Владата сама одлучи, без да се разговара на Економско-социјалниот совет (ЕСС) и си донесе износ на минималната плата од 1 800 денари, рече денеска претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Според Деаноски, Синдикатот на УПОЗ не е задоволен од Одлуката. Изгледа на Владата толку добро и оди што може, нагласи, да носи одлуки без синдикатите и работниците.

Ова, укажа Деаноски, не е покачување на платата, туку е усогласување што треба да го добијат сите работници во јавниот сектор, линеарно, со порастот на животните трошоци и порастот на просечната плата.

-Првпат Владата сама си донесе одлука, првпат откога е воведена минималната плата, во 2012 година, за неа се одлучи без работниците. Имавме парола пред неколку години на 1 Мај дека не смее да се одлучува без работнциите, а, Владата, за жал, вчера на седница си донесе изноз на минималната плата од 1 800 денари, 2 200 денари не е точно, не знам зашто така кажа премиерот. Се донесе без да се разговара за платата на Економско-социјалниот совет, без да се одлучат и работниците и работодавачите и Владата. Првпат се случува ова и имајќи предвид во каква држава живееме, нема да биде ни последен пат. Апсолутно сме незадоволни од ваквата одлука на Владата. Ги знаете нашите барања и од нив не отстапуваме, потенцира претседателот на УПОЗ, одговорајќи на новинарски прашања.

 

Според него, небулозни се изјавите на Владата дека ќе дозволи работодавачите и синдикатите да се договорат, а потоа, ако треба, ќе ја покачи минималната плата. 

-Сакам да ја потсетам Владата дека е најголем работодавач во државата. Во јавниот сектор се вработени 129 000 работници од кои минимум 25 000 директно зависат од усогласувањето на минималната плата, што значи дека ова не е покачување на платата, ова е само усогласување што треба да го добијат сите работници во јавниот сектор, линеарно, со порастот на животните трошоци и порастот на просечната плата, напомена Деаноски.

Тој потсети дека УПОЗ е дел од ССМ и ако има протести, ќе учествува во нив.

-УПОЗ е дел од ССМ како грански синдикат, а се наоѓаме во иста ситуација, и ние бараме репрезентативност, но не можеме да ја добиеме. Закажана е седница на Комисијата за репрезентативност во петок, што ќе се одлучи не можеме да знаеме. Во петок е закажана и седницата на претседателството на ССМ на која ќе се одлучува за натамошните чекори. Инаку, секогаш УПОЗ излегува со ССМ и едни од најбројните на протестите се токму членовите на УПОЗ. 

globe

Слични новости

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна

При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило „бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.

ССМ: На 2. април јавна седница, на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат

ССМ: На 2. април јавна седница, на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат

Сојузот на синдикатите на Македонија в среда ќе одржи јавна седница на органите и телата на ССМ и органите и телата на синдикатите здружени во ССМ, која ќе почне од пред Работнички дом во 12:05 часот