Кошркарите на Њујорк Никс синоќа дома ги совладаа Далас Маверикс со 128:113, а Џош Харт и Карл-Ентони Таунс станаа првите соиграчи кои впишаа „трипл-дабл“ во ист натпревар воисторијата на њујоршката франшиза.
Харт го заврши натпреварот со 16 поени, 12 скока и 11 асистенции за неговиот тимски рекорд и деветти „трипл-дабл“ во сезоната. Таунс во својот трет „трипл-дабл“ во кариерата имаше 26 поени, 12 скока и 11 асистенции. Најдобар стрелец на Никс беше ОЏеј Ануноби со 35 погодоци. Харт и Таунс се само 17-от тандем соиграчи кои забележале „трипл-дабл“ на ист натпревар во историјата на НБА и вториот што го направил тоа оваа година. Никола Јокиќ и Расел Вестбрук забележаа „трипл-дабл“ за Денвер Нагетс на 30-ти декември и 10-ти јануари.

Хјустон Рокетс ги совлада Атланта Хокс на гости со 121:114, предводени до победата со „дабл-дабл“ од Џејлен Грин, кој го заврши натпреварот со 32 поени и 11 скока. Фред ВанВлит додаде 21 поен, а Алперен Сенгун имаше 18 поени, девет скока и пет асистенции за Рокетс, кои победија на десет од последните 11 натпревари. „Дабл-дабл“ за Хокс забележаа Тре Јанг (19 поени, 12 асистенции), Ониека Оконгву (14 поени, 15 скокови) и Дајсон Даниелс (19 поени, 10 асистенции, четири украдени топки).
Кливленд Кавалирс го совладаа домашниот тим на Портланд Трејл Блејзерс со 122:111, што е нивен втор последователен пораз по четири победи во низа. Дариус Гарланд запиша 27 поени и осум асистенции за најдобриот тим во лигата, а Тај Џером додаде 25 поени. Кај Портланд, Донован Клинган, Шедон Шарп и Скот Хендерсон постигнаа по 18 поени. Клиган додаде 12 скока, а Хендерсон шест асистенции и шест скока за Портланд.
Првопласираниот Запад, Оклахома Сити Тандер, ја забележа 60-та победа сезонава, победувајќи ги Сакраменто Кингс со 121:105. Ги предводеше Шаи Гилџеус-Александер со 32 поени, а Чет Холмгрен додаде 18 поени и 10 скока. За Тандер (60-12) ова е седма последователна победа и 60-та победа по петти пат во историјата на франшизата. Киган Мареј постигна 28 поени, погодувајќи 9 од 13 „тројки“ за Кингс, кои го загубија четвртиот последователен натпревар и паднаа па се израмнети со Феникс Санс за деветтото место во Западната конференција. Зак ЛаВин постигна 19 поени и седум асистенции.
Орландо Меџик ја забележаа петтата победа во низа, совладувајќи ги Шарлот Хорнетс на гости со 111:104. Паоло Банкеро постигна 32 поени, Франц Вагнер 26 поени, а Ентони Блек 20 поени за Меџик. Ламело Бол постигна 25 поени за Хорнетс кои беа елиминирани од плејофот. Загубија пет од последните шест натпревари.
Детроит Пистонс на домашен терен ги совладаа Сан Антонио Спарс со 122:96. Маркус Сасер постигна рекордни во кариерата 27 поени за Детроит, кој рано стекна големо водство и го одржа до крајот на натпреварот. Тобијас Харис за Детроит постигна 15 поени, осум скока, четири асистенции и три украдени топки. Девин Васел ги предводеше Спарс со 26 поени и шест скока.
Мајами Хит на домашен терен со 126:86 ги победија Голден Стејт Вориорс. Џими Батлер, кој играше против Хит првпат откако беше трејдуван, го заврши натпреварот со 11 поени. Најдобар играч на Мајами беше Бам Адебајо со 27 поени и осум скока, а Тајлер Херо постигна 20 поени и имаше седум асистенции. Џонатан Куминга ги предводеше Вориорс со 15 поени.
Мемфис Гризлис во Солт Лејк Сити го совладаа тимот со најлош соодносд во лигата Јута Џез со 140:103. Дезмонд Бејн постигна 21 поен, а Џерен Џексон Џуниор додаде 19 за Мемфис, кој прекина низа од три пораза. Скоти Пипен Џуниор впиша 16 поени и 10 асистенции за Мемфис, кој заостануваше со еден поен на полувремето пред да ја скрши Јута со 41:17 во третата четвртина. Ајсаја Колиер ја предводеше Јута со 21 поен. Колин Секстон постигна 15 поени, а Џони Јузанг и Кајл Филиповски по 13 за Џезовите, кои загубија по 13-ти пат во последните 14 натпревари.

Слични новости
Чаби Алонсо останува на кормилото на Баер Леверкузен
Шпанскиот фудбалски стручњак 43-годишниот Чаби Алонсо, за кого некои медиуми шпекулираа дека ќе го преземе Реал Мадрид ова лето, останува на кормилото на Баер Леверкузен
Голема мешаница во Минеаполис, седуммина исклучени
Голема мешаница, кошкања меѓу кошаркарите на Минесота и Детроит, го одбележа дуелот во „Таргет Центар“, на кој домашните Тимбервулфс на крајот победија 123:104
Меншик го освои првиот трофеј, Ѓоковиќ остана на 99 титули
Чешкиот 19-годишен тенисер Јакуб Меншик е изненадувачки победник на АТП Мастерс 1000 турнирот во Мајами, победувајќи го Србинот Новак Ѓоковиќ со 7-6 (4), 7-6 (4) во неделното финалеи и така го остави без стотата титулата во кариерата