На девизните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо порасна во средата во претпладневното тргување, втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,35 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 104,27 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 150,55 на 150,50 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0785 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0805 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево порасна за 0,31 отсто, на 73,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,35 отсто, на 69,25 долари.

globe

Слични новости

Златото над 3.100 долари

Златото над 3.100 долари

Цените на златото во понеделникот надминаа 3.100 долари за унца, поради стравувањата на инвеститорите дека американските царини би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го забават економскиот раст, како и континуираната побарувачка од централните банки

И италијанската централна банка во минус и во 2024.

И италијанската централна банка во минус и во 2024.

И италијанската централна банка ја заврши 2024 година со загуба поради рестриктивната монетарна политика на Европската централна банка (ЕСВ), но сепак ќе уплати 644 милиони евра во државната каса, изјави во понеделникот гувернерот Фабио Панета