Француската филмска ѕвезда Жерар Депардје во вторникот пред судот призна дека ја зграпчил жената која го обвини за сексуален напад за бедрата, но нагласи дека тоа не е напад, додавајќи дека сите груби коментари ѝ ги дал затоа што бил нерасположен.
Иконата на француската кинематографија, 76-годишниот Депардје последните години се соочува со се поголем број обвинувања за сексуално вознемирување. Тој ги отфрли сите обвиненија, а ова е прв случај за кој му се суди.

„Ја фатив за бутовите“, рече Депардје, првпат признавајќи физички контакт со филмската сценографка Амели К. и рече дека тоа не ѝ кажал на полицијата кога го испрашале.
„Ја фатив за бутовите за да не паднам бидејќи бев навистина вознемирен поради неа, поради жештината, беше петок при крајот на снимањето и бев навистина уморен“, вели актерот.
Збунет и често отстапувајќи од темата, Депардје пред судот објасни дека и бил лут на Амели К. поради нејзината работа. Тој рече дека таа лошо ја завршила работата, поради што била шокирана, пренесуваат медиумите.
„Не гледам зошто би пипкал жена“, изјави тој пред судот, додавајќи дека во тоа време бил толку дебел што некои од работите за кои е обвинет би биле невозможни.
Непријатните коментари што тој ги давал во тоа време не беа насочени лично кон неа, рече тој, туку се однесуваа на нејзината работа.
Доколку биде прогласен за виновен, Депардје може да се соочи со казна затвор до пет години и парична казна од 75.000 евра.
Судењето, кое се очекува да трае најмалку три дена, првично требаше да се одржи минатиот октомври, но беше одложено поради лошата здравствена состојба на Депардје. Започна во понеделникот.
Слични новости
Промоција на серијата Мобленд на Гај Ричи во Лондон
Во четвртокот вечер во Лондон беше одржана гала промоција на бел килим на прочуениот Лестер сквер на новата серија на парамаунт „Мобленд“ на познатиот англиски режисер Гај Ричи. На премиерата се појави целиот каст на серијата предводен од Том Харди, Пирс Броснан и Хелен Мирен
Вил Смит го објави албумот „Базирано на вистинска приказна“
Вил Смит објави нов албум, негова прва плоча по 20 години пауза од албумот „Загубено и најдено“ во 2005. Албумот на познатиот актер и хип-хоп пејач „Базирано на вистинска приказна“ вклучува соработка на Вил Смит со Ди Џеј Џези, Тејана Тејлор, Џојнер Лукас, како и со неговиот син Џејнден Смит.
Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на „Златниот венец“ на СВП за 2025
Советот за доделување на СВП одлучил „Златниот венец“ да му биде доделен на Штрпка за неговиот богат, автентичен и значаен поетски корпус создаван во текот на шест децении, меѓу 1960 и 2025 година