Црвениот крст почна со исплатата на средства во висина од 150 илјади денари на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани.
„Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 91 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава. За секое лице е исплатено 150.000,00 денари“, информираат од Црвениот крст.

За две семејства од починатите лица и 24 семејства од повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање на податоци за повредените кои се лекуваат во државата.
Од Црвениот крст додаваат дека заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 61.852.758,00 денари.
Слични новости
Видевски ги негира наводите за убиствата на Ѓорчевска и Жежовски, Кешишев ќе сведочи на следнaта седмица
Претходно, обвинителките ги прочитаа неговите искази дадени во текот на истрагата во декември 2023 година во кои во едниот Видевски ги признава злосторствата, а потоа вели дека бил под тортура и присилен да го каже тоа
Одложена седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да биде разгледан предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
Одложена седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да биде разгледан предлогот за разрешување од функцијата Јавен обвинител поднесен од Владата
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти се уште се во критична состојба
Истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ продолжи со нови претреси за обезбедување докази и распити на лица, а дејствија ќе преземе и Управата за финансиска полиција