По информациите дека Собранието и седмицава нема да заседава и да се одржуваат седници на собраниските тела, оттаму денеска информираат дека во законодавниот дом се работи на законски решенија кои од понеделник ќе се пуштаат во процедура, како и дека се очекува да пристигнат предлог закони поднесени од Владата и министерствата.
По вчерашната координација беше соопштено дека присутните консензуално се согласиле имајќи ги во предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, Собранието да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифинг со новинари.

На средбата, како што соопштија од Собранието, присуствувале претседателот на Собранието, Африм Гаши, потпретседателката Весна Бендевска и координаторите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ВЛЕН, ЗНАМ и Левица, како и претставник од Владата и генералната секретарка на Собранието.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, по скратена постапка.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, а веруваат и останатите пратеници, секојдневно си ги извршуваат своите работни обврски. Оттаму наведуваат дека нема да се одржуваат седници на Собранието и на работните тела, но појаснуваат дека како пратеници постојано работат на подготвока на законски решенија кои би се ставиле на идните седници од понеделник.
„Дополнително, во сите општини од каде што има жртви и повредени од немилиот настан во Кочани, нашите пратеници се присутни во пратеничките канцеларии и обавуваат средби со граѓаните излегувајќи во пресрет на на сите проблеми со кои се соочуваат“, се наведува во објавата на фејсбук.
Претходно, пратеникот Миле Лефков исто така на фејсбук објави дека е отворена пратеничката канцеларија во Кочани каде тој има средби со граѓани на кои им е потребна помош по трагедијата кога во пожар минатата недела животот го загубија 59 лица, а околу 200 се повредени, најголем број од овој град.
Лефков информира дека канцеларијата за средби со граѓаните во Кочани е отворена секој ден од 10 до 15 часот, каде сите ќе можат да ги споделат своите мисли, предлози и грижи.
„Нашата цел е да слушнеме, да помогнеме и заеднички да работиме на решенија што ќе обезбедат безбедност, поддршка и подобри услови за сите. Секој ваш збор е важен – ве повикувам да дојдете, да зборуваме отворено и да направиме промени заедно“, напиша Лефков.
Средби со граѓани во Штип денеска имал и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Левица, која на вчерашната координација имала свој претставник, денеска излезе со реакција. Според опозициската партија, Собранието донело скандалозна одлука за „колективен одмор“ што ја покажува отуѓеноста на партиите на елитата од барањата на народот.
„Левица беше единствената партија против ова самоволие, во моменти кога пратениците треба и мора да бидат на висина на задачата. Бегајќи од пратенички прашања, плашејќи се од вистината, Собранието избега и од одговорноста. Во овие моменти, кога е повеќе од потребно, Собранието не презема одговорност да носи закони, туку втора недела по ред бега од таа своја обврска“, се наведува во соопштението.
Според партијата, законодавниот дом е единствената непосредно избрана власт и „таа одговора пред народот, а не според желбата за играње криенка на премиерот Мицкоски“. – Пропустите на поранешните функционери не ги ослободуваат од одговорност сегашните функционери, посочуваат од Левица.
Ова, како што наведуваат од партијата, е моментот кога државата мора да покаже дека постои, институциите мора да делуваат брзо, ефикасно и без компромис.
Слични новости
Рокас: Мора да градиме добрососедски односи базирани на доверба
Ги знаеме фактите кои почнуваат од јули 2022 и овој Договор и заклучоците на Советот го обликуваат патот напред за Преговарачката рамка и за приемот во ЕУ. Ова е преземена обврска и од Северна Македонија и од ЕУ, еднакво. Истовремено мислам дека треба да сфатиме дека ова е значаен момент на шанса за ЕУ проширување. И морам да кажам дека јас сум уверен и силно верувам дека штом ова прашање се затвори, Северна Македонија ќе го забрза темпото, изјави вечерва евроамбасадорот Михалис Рокас.
Земјата е стабилна, а заканата од терористички напади е на ниско ниво
На седницата се расправаше за актуелната безбедноста состојба во Македонија, со посебен акцент на активностите за спречување на радикализацијата, насилен екстремизам и тероризам
Во куќен притвор остануваат двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Апелација ги отфрли жалбите
Апелациониот суд во Штип, информира дека денеска на нејавна седница, постапувјаќи по повод изјавените жалби од осомничениот Ратко Димитровски и од ОЈО Кочани против решението на Основен суд Кочани со кое мерката притвор на осомничениот Димитровски е заменета со куќен притвор и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, донел одлука со која жалбите се отфрлаат како недозволени, а уважена е само жалбата на Димиторвски на определената мерка на претпазливос