Десниот бек на Ливерпул, 26-годишниот Трент Александер-Арнолд по завршувањето на сезоната го напушта „Енфилд“ и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, објавија во вторникот британските медиуми, додавајќи дека англискиот репрезентативец веќе ги договорил сите детали со „Кралскиот клуб“.
Договорот на Александер-Арнолд со „Црвените“ истекува на крајот на јуни и тој ќе премине во Реал како слободен играч, односно без обештетување.

Британските медиуми пренесуваат дека тој ќе потпише петгодишен договор со шпанскиот клуб, според кој треба да има плата од 15 милиони евра по сезона плус бонус за учинок. Тој ќе добие и посебен бонус за потпишување договор со мадридскиот клуб. Во Ливерпул годишно заработуваше 11 милиони евра.
Александер-Арнолд дојде преку младинската академија на Ливерпул, а најголемата негова предност е што често се приклучува во нападот, па оваа сезона постигна три гола и впиша седум асистенции во сите натпреварувања.
Слични новости
Мото ГП: Марк Маркез ја продолжи победничката серија
Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез (Дукати) ја продолжи својата победничка серија во овогодинешниот Светски шампионат во Мото ГП победувајќи на спринтерската трка на Американското ГП што се одржа на патеката Остин
Минимални домашни победи на Рома и Јувентус
Фудбалерите на Рома го прескокнаа градскиот ривал Лацио на табелата на италијанскиот шампионат со минимални 1:0 (0-0) на гостински терен против Лече
Реал се намачи со Леганес, Атлетико го губи чекорот со водечките
Фудбалерите на Реал Мадрид по голема борба и пресврт го совладаа Леганес со 3:2 пред своите гледачи во последниот саботен натпревар од 29. коло од шпанската Ла Лига