Сто и триест психолози се на располагање за психолошка поддршка на учениците, студентите и на граѓаните во општините во Брегалничкиот регион, каде што има починати ученици и блиски во семејствата, како и повредени кои се наоѓаат на лекување, по големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Психолозите работат и на терен, но и ја нудат својата поддршка и преку телефонски повици. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска и психолози од Комората на психолози денеска беа во посета на неколку училишта во Штип, меѓу кои и во средното медицинско училиште „Јане Сандански“, каде има загинато тројца ученици, а четворица се повредени.

Министерката Јаневска истакна дека психолозите се најмногу присутни на терен во Кочани но, како што рече, добро е што на почетокот имале 100, а сега се вкупно 130 психолози, кои се присутни меѓу учениците, студентите и децата во градинките во неколку општини во источниот регион.

 

„Денеска сме присутни во средното училиште „Јане Сандански“, каде што во едно одделение имаме три жртви, а во друго одделение имаме повеќе повредени, кои се надевам дека брзо ќе оздрават и ќе се вратат заедно со нивните другари да продолжат да учат и да го продолжат животот. Дополнително јас би сакала да им се заблагодарам за мотивот и иницијативата, која потикна од нив, но и мотивот да работат во вакви тешки услови за добробит на младите. Затоа што нема поважно од тоа секако и за наставниците и родителите, но и за младите“, рече Јаневска.

Во коордиинација на повеќе институции, како што додаде, беспалтно се нудат психолошки терапии на сите на кои им е потребно.

„Институциите кои имаат надлежност и обврска да функционираат во вакви моменти кризни функционираат во координација, па така и МОН во координација со комората на психолози, Институтот за психологија, УНИЦЕФ и Црвениот Крст организира присуство на психолози во кризните подрачја. Се разбира дека тие се најмногу присутни во Кочани, но добро е што од минатата недела имавме 100, а сега имаме 130, па се присутни тука и во Штип“, вели Јаневска.

Центар за советување на млади има и на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип. Дополнително од претходната недела се прават проверки по училиштата, градинките, државните училишта дали има соодветни апарати за справување со катастрофи.

„На УГД исто така има отворено центар за советување на млади, всушност збирно место на психолози, каде тие се среќаваат, прават план и продолжуваат да работат низ градот, а секако и таму индивидуално да работат. МОН минатата недела испрати писмо до општините и до државните училишта да се направи дополнителна проверка на безбедносните системи, да се види дали има проценка на ризик од катастрофа, дали има план за справување со катастрофа и дали опремата која е потребна како ПП апарати, хидранти и слично ја има во училиштата“, изјави Јаневска.

Согласно изјавите од ЗЕЛС изминатиот период се потврди дека најголем дел од училиштата ги имаат сите неопходни работи за справување со евентуална катастрофа.

 

globe

Слични новости

Партиите ја чекаат поканата на Филипче за да се кажат дали ќе учествуваат на средба

Партиите ја чекаат поканата на Филипче за да се кажат дали ќе учествуваат на средба

Парламентарните партии ќе ја чекаат официјалната покана од лидерот на СДСМ Венко Филипче па потоа ќе се изјаснат дали ќе учествуваат на средба, додека ДУИ условува со поддршка за формирање на Комисија со меѓународни набљудувачи за истрагата за пожарот во Кочани.

Денеска собир на иницијативата „кој е следен“ пред македонскиот парламент

Денеска собир на иницијативата „кој е следен“ пред македонскиот парламент

Пред Собранието на Република Македонија денеска се одржува собир на граѓани во организација на иницијативата „Кој е следен“, насловен „Народно собрание“. Од Иницијативата „Кој е следен“ вчера преку соопштение се оградија од политичките партии.