Британските и француските воени команданти се состанаа во Лондон на почетокот на седмицата којашто ќе ја одбележат дополнителни разговори за плановите за мировната мисија во Украина.
Адмиралот Тони Радакин, командант на британските вооружени сили, рече дека двете европски нуклеарни сили „преземаат чекори за создавање посилно и подлабоко партнерство“ по средбата со неговиот француски колега, генералот Тиери Буркхард, во понеделникот.
Заедно со командантите на армијата, морнарицата и воздухопловните сили на секоја земја, тие разговараа за напорите за „покренување европски одговор“ на ситуацијата во Украина, додека украинските, руските и американските претставници присуствуваа на разговорите во Саудиска Арабија со цел постигнување прекин на огнот.

Радакин рече дека во клучен момент за европската безбедност, третата средба на шефовите на генералштабовите на Велика Британија и Франција треба да се гледа како знак на реафирмација и посветеност.
„Двете водечки европски нуклеарни сили ја зголемуваат соработката за да создадат посилно и подлабоко партнерство кое е од витално значење за безбедноста на континентот“, рече Британецот.
Радакин додаде дека разговоите ќе помогнат во обликувањето на иднината на британско-француската воена соработка и заедничките напори за поддршка на Украина со воена помош „сега и по секој мировен договор“, јави dpa.
Состанокот доаѓа додека оперативното планирање за европската мировна мисија во Украина продолжува во британското воено седиште во Нортвуд оваа седмица.
Кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер минатата седмица објави дека разговорите за создавање „коалиција на волните“ ќе продолжат да го забрзуваат темпото и опсегот на оперативното планирање и поблиску да ги разгледаат деталите и структурата на кои да се идни сили.
Слични новости
Зеленски: Украина нема да ја признае американската помош како заем што треба да се врати
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да ја признае претходно одобрената американска воена помош како заеми што треба да се вратат
Трамп повтори дека го сака Гренланд, Венс ја повика Данска дa не инвестира во безбедноста на островот
Претседателот Доналд Трамп во петокот повтори дека сака да го присоедини Гренланд кон САД, тврдејќи дека тоа е многу важно за меѓународната безбедност, додека неговиот потпретседател ЏејДи Венс ја повика Данска да не инвестира во безбедноста на островот тврдејќи дека би му било подобо под „безбедносниот чадор“ на САД
Гутереш го отфрли предлогот на Путин ОН да управуваат со Украина
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш не гледа потреба од нови избори во Украина под надзор на Обединетите нации, отфрлајќи го предлогот на рускиот претседател Владимир Путин