Преговорите предводени од САД во саудиската престолнина Ријад со делегациите од Украина и од Русија напредуваат добро и наскоро се очекува позитивно соопштение, изјави во понеделникот за Reuters извор од Белата куќа.
„Разговорите коишто ги овозможија техничките тимови на администрацијата на Трамп во Ријад се одвиваат исклучително добро и сите вклучени страни работеа деноноќно. Очекуваме позитивно соопштение во блиска иднина“, рече изворот.
Делегацијата на САД се состана со украинските претставници во Ријад во неделата и со руските претставници во понеделникот. Разговорите главно се фокусираа на прекин на огнот во Црното Море, но Трамп рече дека се појавуваат и други прашања како дел од неговите напори да стави крај на тригодишната руска војна против Украина.

„Во моментов зборуваме за територија. Зборуваме за линии за разграничување. Зборуваме за енергија, сопственост на електрани. Некои луѓе велат дека САД треба да ја поседуваат електраната бидејќи имаме стручност“, рече Трамп.
Од Москва досега немаше никави назнаки за текот на разговорот, со куса потврда дека заедничкото соопштение за исходот и заклучоците со американската делегација ќе биде објавено во вторникот. Руските медиуми од Ријад објавија дека по завршувањето на 12-часовните руско-американски разговори во саудиската престолнина руските претставници биле „добро расположени“.
Американскиот претседател во понеделникот рече дека очекува наскоро да биде потпишан американско-украинскиот договор за поделба на приходите од клучните минерали во Украина. Тој, исто така, на новинарите на состанокот на неговиот кабинет изјави дека САД разговараат со Украина за можноста американските компании да поседуваат украински електрани.
Украинската национална телевизија Суспилне објави дека украинската и американската делегација ќе се сретнат во вторник на разговори кои ќе следат по руско-американските преговори. Телевизијата, повикувајќи се на неименуван извор во украинската делегација, објави дека украинскиот тим ќе остане во Саудиска Арабија уште еден ден за да се сретне со претставници на САД.
Слични новости
Крајно десните европски политичари на конференција за антисемитизмот во Ерусалим
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди во четвртокот на „пожари на антисемитизмот“ во Западна Европа на конференцијата која беше засенета од бојкотот на неколку еврејски говорници поради присуството на десничарски и крајно десничарски европски политичари
Путин ги нарече „сериозни“ плановите на Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот ги опиша плановите на неговиот американски колега Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд како „сериозни“, изразувајќи загриженост дека Арктикот може да се претвори во „отскочна даска за можни конфликти“
Зеленски: Русија ја погоди енергетската инфраструктура, САД треба да реагираат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во четвртокот дека руската артилерија ја оштетила украинската енергетска инфраструктура во градот Херсон, два дена откако САД објавија дека двете страни се согласиле на прекин на огнот на енергетските капацитети