„Правда“, „Убијци“, „Не се плашиме“, „Уа профитери“, „Одговорност“, „нема правда, нема мир, ние сме системот, цела Влада оставка, се само некои од пораките што вечерва ги упатија учесниците на протестот за настраданите во пожарот во Кочани, кои веќе пристигнаа пред Владата.

Во тек е 16-минутно молчење со кое им се оддава почит на жртвите по што се најавени и говори на дел од учесниците.

Протестот го организира граѓанското движење „Кој е следен?“, а почна од плоштадот „Македонија“. Учесниците потоа се упатија кон Собранието, од каде стигнаа пред Владата.

 

 

Ние сме граѓанска иницијатива, не сме поврзани со ниту една политичка партија. Многу е битно да се разграничи партизирање од политизирање. Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно, бараме одговорност, безбедност и транспарентност и затоа протестираме, изјави Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е следен?“ пред маршот што треба да почне вечерва во 19:00 часот од плоштадот „Македонија“.

Според неа, планови за натамошни протести нема, „Кој е следен“ нема лидерство и принципот на функционирање е „еден човек, еден глас“.

 

„Очекуваме транспарентност од истражните органи и поддршка од медиумите, очекуваме одговорност од сите поврзани со кочанската и сите претходни трагедии. Изразуваме целосна поддршка до медицинскиот персонал и сите вклучени во истрагата. На улица сме зашто треба да се слушне гласот на народот, секој револт на граѓаните е оправдан“, нагласи Јаневска.
Протестот започне со триминутен молк, положување цвеќе и палење свеќи за настраданите во Кочани.

globe

Слични новости

Партиите ја чекаат поканата на Филипче за да се кажат дали ќе учествуваат на средба

Партиите ја чекаат поканата на Филипче за да се кажат дали ќе учествуваат на средба

Парламентарните партии ќе ја чекаат официјалната покана од лидерот на СДСМ Венко Филипче па потоа ќе се изјаснат дали ќе учествуваат на средба, додека ДУИ условува со поддршка за формирање на Комисија со меѓународни набљудувачи за истрагата за пожарот во Кочани.

Денеска собир на иницијативата „кој е следен“ пред македонскиот парламент

Денеска собир на иницијативата „кој е следен“ пред македонскиот парламент

Пред Собранието на Република Македонија денеска се одржува собир на граѓани во организација на иницијативата „Кој е следен“, насловен „Народно собрание“. Од Иницијативата „Кој е следен“ вчера преку соопштение се оградија од политичките партии.