Американската централна банка Федералните резерви (Federal Reserve – Fed), објави дека 2024 година ја завршила со помала загуба, по рекордниот дефицит во 2023 година, со значително помали каматни трошоци.

Во 2024 година, Fed забележа загуба од 77,5 милијарди долари, речиси една третина помалку од 2023 година, според конечните податоци на централната банка. Во 2022 година забележа нето добивка од 58,8 милијарди долари.

Откако Fed оваа година ја прекина долгогодишната практика на објавување на прелиминарни резултати во јануари, објавениот износ на загубата ѝ овозможи на јавноста првиот увид во официјалната состојба на финансиите на централната банка за целата година, забележува Ројтерс.

Во 2024 година, каматните расходи на Fed беа 68 милијарди долари повисоки од приходите од камати. Сумата е за 36,2 отсто помала од 2023 година, покажуваат податоците.

Расходите за камати минатата година изнесуваа 226,8 милијарди долари, што е за 19,3 отсто помалку од претходната година. Приходите од камати, сепак, се намалени за девет отсто, на 158,8 милијарди долари.

Како дел од своите технички операции за управување со каматните стапки, Fed плаќа камата на депозитите на банките, фондовите на пазарот на пари и други финансиски компании кои ги исполнуваат условите, потсетува Reuters.

Претставниците на Fed нагласија дека загубата не влијае на нивното работење или на креирањето на монетарната политика. Кога работи со загуба, американската централна банка може да создаде пари за финансирање на операциите. Тие можат да ги покријат загубите од позитивните резултати во следните години, а кога ќе ги намалат на нула, парите ги враќаат во државната каса.

Покрај каматите на обврзниците, нејзин извор на приход се и услугите што ги дава на финансискиот систем, потсетува Reuters.

Fed почна агресивно да ги зголемува каматните стапки во пролетта 2022 година за да ја ограничи инфлацијата и ги зголеми до јули 2023 година, од нула на 5,25 на 5,5 отсто. Инфлацијата во меѓувреме ослабе и ФЕД досега ги намали за целосен процентен поен, што исто така ја намали загубата во 2024 година.

Покрај американската Fed, во 2024 година дефицит забележаа и Европската централна банка (ECB) и германската Bundesbank.

globe

Слични новости

Британските автомобилски компании бараат поддршка од владата поради царините на Трамп

Британските автомобилски компании бараат поддршка од владата поради царините на Трамп

Британските автомобилски компании бараат поддршка од владата, бидејќи се помали се шансите дека може да се постигне договор со американскиот претседател Доналд Трамп за царините кои сака да им ги воведе на европските држави, пренесе Би Би Си.

Три големи корејски компании прават подготовки за враќање на рускиот пазар

Три големи корејски компании прават подготовки за враќање на рускиот пазар

Три големи глобални компании „Хиндаи мотор груп“, „Самсунг електроникс“ и „ЛГ електроникс“, ја разгледуваат можноста за нивно браќање на рускиот пазар по најавите дека ќе бидат ублажени санкциите кон Русија, пишува Кореја тајмс.

Цените на нафтата паднаа кон 73 долари

Цените на нафтата паднаа кон 73 долари

Цените на нафтата паднаа во петокот на меѓународните пазари до 73 долари бидејќи расположението на инвеститорите беше обележано со најавите за американски царини