Државната комисија за спречување на корупцијата започна антикорупциска проверка на закони, со цел да се овозможи откривање и спречување на потенцијални ризици од корупција при спроведување на соодветните постапки поврзани со издавање на одобренија и лиценци за работа, дозволи за работа на угостителски објекти, како и во делот на вршење надзор над истите, на следниве законски решенија:
– Закон за угостителска дејност
– Закон за заштита и спасување
– Закон за инспекциски надзор
– Закон за локалната самоуправа
– други материјални закони.

Антикорупциската проверка на законите како процес подразбира целосна и систематска проценка на правните прописи за да се идентификуваат можности за злоупотреба, конфликт на интереси, нејаснотии и празнини во законите кои би можеле да поттикнат коруптивни практики. Воедно ќе се направи комплетна анализа и проценка на формата и содржината на прописите (закони, подзаконски акти и други општи акти) кои се во подготовка или кои се веќе изготвени од аспект на нивното практично спроведување, усогласеност и нивното подобрување со цел детектирање, спречување и минимизирање на ризиците во однос на можноста за корупција и судири на интереси кои може да резултираат при спроведување на законите.
Како основни резултати од антикорупциската проверка очекуваме зајакнување на превентивниот пристап и наместо да се реагира на коруптивните практики пост-фактум, да имаме проактивност со што ќе се овозможи законите да бидат ослободени од коруптивни ризици. Преку постапката ќе се направи и проценка на ризиците и ќе се анализираат специфични одредби кои може да создадат услови за фаворизирање, дискреционо одлучување или недостаток на транспарентност.
ДКСК ќе вклучи повеќе засегнати страни преку соработка со релевантни институции и граѓанското општество, што ќе обезбеди независност и објективност при анализата.
Сите резултати ќе бидат јавно достапни и целиот процес ќе биде транспарентен и јавен, а извештатите и препораките ќе бидат доставени до Владата и до Собранието, за да се подобрат овие закони, и со тоа да се влијае и да не се остава простор за коруптивни активности.
Укажуваме дека ДКСК како одговорна институција за антикорупциската проверка на легислативата, главно за законите во фаза на изготвување, мора да биде во постојан контакт со надлежните министерства кои доставуваат предлози за усвојување на закони и изготвуваат нацрт закони и законодавни предлози за кои овластен предлагач е Владата на Република Северна Македонија, како и да биде навремено информирана во случај на можни иницијативи за изготвување на нова законска регулатива или за измени на постојните закони од друг овластен предлагач на закони.
Слични новости
Двајца поранешни градоначалници на Кочани одат во куќен притвор
Мерката „ефективен притвор“ за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев е заменета со куќен притвор,
Фич: Кредибилните и конзистентни политики ја поддржуваат стабилноста на денарот и кредитниот рејтинг на земјата
Стабилноста на девизниот курс на денарот, којашто се одржува благодарение на кредибилните и конзистентни политики, е еден од клучните фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја. Ова се посочува во најновиот извештај на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“
Муцунски: Активно се работи на процесот на репатријација на македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство
-Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Министерството за здравство и СОЗР активно работат на реализација на процесот на репатријација на македонските пациенти кои успешно го завршуваат болничкото лекување во странство, рече Муцунски, додавајќи дека Министерството за здравство како надлежна институција изготвило детален медицински протокол со цел процесот да се спроведе навремено, безбедно и во најдобар интерес на пациентите и нивните семејства.