Сите општини координирани преку ЗЕЛС започнаа се вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата. Во голем број од општините детално се проверуваат училиштата, градинките, спортските сали, културните домови, но и сите угостителски објекти и други места каде секојдневно се собираат наши граѓани.

Ова денеска го потенцираше претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на заедничката прес-конференција со директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје, Небојша Настов и портпаролите на Владата, Марија Митева и Венера Љатифи Азизи.

Подвлекувајќи дека особен акцент е ставен на објектите во кои престојуваат деца и млади, Ѓорѓиевски истакна дека инспекциските контроли ќе бидат континуиран процес и во наредните недели и месеци систематски ќе се проверуваат сите објекти во државата, со цел сите јавни и приватни објекти каде се собираат луѓе, било да се образовни, здравствени институции, спортски или културни објекти или угостителски локали, да бидат безбедни.

Нагласи дека е воспоставена тесна и силна координација со Владата и лично со претседателот на Владата, од првиот момент по несреќата во Кочани, со единствена цел брза и усогласена акција за надминување на состојбата.

Предизвик, според него, претставува недоволниот број инспекциски служби, особено во помалите општини. Ѓорѓиевски информираше дека во Општина Кисела Вода имало двајца инспектори за домување, а во многу од општини, како што рече, нема инспектори за домување, немаат градежни инспекции, комунални инспектори. Тоа, истакна, ќе мора заеднички да го решаваме во наредниот период ќе се спроведе меѓуопштинска соработка.

Градоначалникот Ѓорѓиевски посочи дека ЗЕЛС ја презема улогата на координатор на сите активности на локално ниво, за меѓусебна помош и споделување на ресурсите и знаењата. Инспекциските капацитети, најави тој, ќе се стават на располагање таму каде има потреба за да може секоја општина темелно да ги провери сите објекти на својата територија.

Во поголемите општини, како што рече на прес-конференцијата Ѓорѓиевски, веќе се спроведуваат детални контроли на објектите, документацијата на објектите и почитувањето на сите безбедносни стандарди. Се внимава дали објектите имаат исправна протипожарна опрема и функционални противпожарни хидранти, дали електринчните инсталации се безбедни и соодветно одржувани, постојат ли јасно обележани и функционални евакуациони патеки и планови, како и дали се поседуваат сите потребни документи и безбедноси елаборати.

„Ќе има нулта толеранција за евентуалните неправилности. Ќе се преземаат решителни мерки согласно надлежностите на локалната самоуправа“, рече Ѓорѓиевски и ги повика граѓаните ако забележат небезбедни услови да ги пријават.

Ѓорѓиевски најави дека утре ќе има седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која се поканети градоначалници на поголемите општи во државата, а ќе се направи детален пресек за состојбата во општините.

Во Кисела Вода, информиаше, во сите градинки, училишта, спортски сали и Домот на културата, се извршени проверки, и нема утврдено аномалии односно се е исправно.

„Во строга контрола влегуваме и во станбените згради, каде треба да има соодветна хидрантска мрежа, скали за пожар и да ги исполнуваат основните елементарни услови. Во Кисела Вода изминатата недела се проверни околу 40 згради, постарите згради кои се градени после земјотресот, таму не се исполнуваат стандардите. Таму ќе треба да се остави простор куќните совети да си преземат дејствија, ако не ќе си преземеме активност и ќе ги казниме истите. Ние мора да воспоставиме систем и ред во оваа држава“, рече градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Ѓорѓиевски.

globe

Слични новости

Првиот од 115. пациенти на лекување во странство се врати во земјава

Првиот од 115. пациенти на лекување во странство се врати во земјава

Првиот од 115-те пациенти настрадани по трагедијата во дискотеката во Кочани кои се лекуваат во странство попладнево се врати во земјава. Се работи за пациент кои се лекувал во болница во Белград, Србија и ќе биде на опсервација во ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје. Пациентот беше пречекан од министрите за здравство Арбен Таравари и за надворешна политика и наворешна трговија Тимчо Муцунски.

Црвениот крст почна со исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица во несреќата во Кочани

Црвениот крст почна со исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица во несреќата во Кочани

Црвениот крст почна со исплатата на средства во висина од 150 илјади денари на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани.

Собрание: Се работи на законски решенија што од понеделник ќе бидат во процедура

Собрание: Се работи на законски решенија што од понеделник ќе бидат во процедура

По информациите дека Собранието и седмицава нема да заседава и да се одржуваат седници на собраниските тела, оттаму денеска информираат дека во законодавниот дом се работи на законски решенија кои од понеделник ќе се пуштаат во процедура, како и дека се очекува да пристигнат предлог закони поднесени од Владата и министерствата.

По вчерашната координација беше соопштено дека присутните консензуално се согласиле имајќи ги во предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, Собранието да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифинг со новинари.