Во израелски воздушен напад врз Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа е убиен политичкиот лидер на Хамас, Салах ал-Бардавел, објавија Хамас и палестинските медиуми во раните утрински часови во неделата.
Медиумите кои го поддржуваат Хамас истакнуваат дека во нападот биле убиени Бардавел и неговата сопруга.

Израел продолжи со големите напади врз Газа во вторникот, обвинувајќи го Хамас, откажувајќи се од договорот за прекин на огнот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повтори дека главната цел на војната е да се уништи Хамас како воен и владејачки ентитет и да се принуди групата да ги предаде преостанатите заложници.
Шефот на дефакто владата на Хамас, Есам Аделес и шефот за внатрешна безбедност Махмуд Абу Ватфа беа меѓу загинатите во израелските напади во вторникот, заедно со неколку други фунцкионери на движењето. Најмалку 500 луѓе беа убиени тој ден, од кои повеќе од половина беа деца и жени, соопштија палестинските здравствени власти.
Слични новости
Русија и Украина ќе ги прекинат воените дејствија во Црното Море, соопшти Белата куќа
Русија и Украина се согласија да ги прекинат воените дејствија во Црното Море, објави во вторникот Белата куќа, наведувајќи детали од разговорите одржани во Саудиска Арабија
ОН ќе бидат вклучени во американско-руските преговори за Украина
Разговорите меѓу Русија и САД беа предизвикувачки но полезни, а Обединетите нации и другите земји ќе бидат вклучени во дополнителни дискусии, изјавил за агенцијата ТАСС член на руската делегација на разговорите
Средба на воените команданти на Лондон и Париз пред преговорите за Украина
Британските и француските воени команданти се состанаа во Лондон на почетокот на седмицата којашто ќе ја одбележат дополнителни разговори за плановите за мировната мисија во Украина