Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена состојба за да се вратат, соопшти министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Тој информираше дека вкупно 116 пациенти со повреди во пожарот на концертот во Кочани се лекуваат во странски болници во 14 европски држави.
Трошоците за нивното лекување се покриени од државите домаќини, а патувањето и сместувањето на нивните најблиски и трошоци за целата логистика за нивниот престој во странство е на нашата Влада.

Вкупно 38пациенти се пратени на лекување преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој Владата го активирала веднаш по несреќата, а останатите се испратени преку директна билатерална помош.
Најголем број од хоспитализираните во странство, 31, се во болници во Србија, 15 во Бугарија, по 12 во Турција и Грција, седум во Шпанија, по шест пациенти се на лекување во Австрија и Унгарија, пет во Хрватска, по четири пациенти во Белгија, Литванија, Италија, Шведска и Словенија и двајца пациенти во Полска.
Чешка и Израел испратија медицински тимови во Македонија, додека Романија, Луксембург, Норвешка и Финска, обезбедија логистичка поддршка за транспорт на повредените.
Слични новости
Белата куќа очекува позитивно соопштение од преговорите за Украина
Преговорите предводени од САД во саудиската престолнина Ријад со делегациите од Украина и од Русија напредуваат добро и наскоро се очекува позитивно соопштение
Системски промени, правда и одговорност, побараа учесниците на вечерашниот протестен марш
Ова не е борба меѓу вас и нас, ова не е борба меѓу партии, ова е борба меѓу чесните и корумпираните. Сакаме системски промени, суштински, а не козметички и додека тие ги полнат своите џебови, ние ќе ги полниме улиците и ќе продолжиме да ги полниме се додека не видиме вистинска промена, е пораката од вечерашниот протестен марш што го организираше граѓанското движење „Кој е следен?“
Свирежи до Владата и Собранието, 16-минутен молк за жртвите од трагедијата во Кочани
„Правда“, „Убијци“, „Не се плашиме“, „Уа профитери“, „Одговорност“, „Нема правда, нема мир“, „Ние сме системот“, „Цела Влада оставка“, се само некои од пораките што вечерва ги упатија учесниците на протестот за настраданите во пожарот во Кочани, кои веќе пристигнаа пред Владата.