
Зголемувањето на минималната плата во Хрватска на 970 евра ја зголеми просечната плата за јануари за 31 евро, а таа сега е речиси 1.400 евра. Просечната плата во правните лица исплатена во февруари изнесува 1.392 евра, а нејзината бруто сума е 1.925 евра.
Просечните плати најмногу се зголемени во индустриите со пониски примања, како што се текстилната, за обувки, дрвната индустрија и безбедносните служби, каде што зголемувањето е околу 60 евра или повеќе. Но, просечните плати во текстилната, кожарската и безбедносната индустрија и натаму се под илјада евра.
Хрватската влада и централната банка проценуваат дека просечните плати годинава ќе бидат за околу осум отсто повисоки од лани, а оваа бројка е покажана и за месец јануари, каде платите реално се повисоки за осум отсто во однос на истиот месец лани.
Слични новости
Американската централна банка со помала загуба во 2024
Американската централна банка Федералните резерви (Federal Reserve – Fed), објави дека 2024 година ја завршила со помала загуба, по рекордниот дефицит во 2023 година, со значително помали каматни трошоци
Европските берзи пораснаа на почетокот од седмицата
Европските берзи пораснаа во понеделникот наутро, бидејќи инвеститорите се надеваа дека Вашингтон нема да ја ескалира својата тарифна војна, откако американскиот претседател Доналд Трамп во петокот рече дека може да биде пофлексибилен по ова прашање
Доларот ослабе, нафтата поевтини
На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна, откако минатата седмица порасна за 0,4 отсто