
Американскиот претседател Доналд Трамп ја укина заштитата на државната безбедност на неговите противкандидатки во двете претседателски изборни кампањи што ги доби – поранешната американска потпретседателка Камала Харис и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која беше и прва дама, пренесуваат медиумите во САД.
Тој претходно го укина пристапот до доверливи информации на поранешниот американски претседател Џо Бајден, како и правото на заштита од Тајната служба за децата на поранешниот претседател Бајден – Хантер и Ешли.
Американскиот претседател се соочи со Хилари Клинтон во претседателската кампања во 2016 година, а минатата година се натпреваруваше со Камала Харис, која го замени Бајден како кандидат на Демократската партија во трката за претседател на САД.
Слични новости
САД во Саудиска Арабија продолжуваат сo руско-украинските разговори за прекин на огнот
Посредниците од Соединетите држави ќе одржат одделни разговори со руската и украинската делегација во Саудиска Арабија во понеделник, бидејќи Вашингтон се обидува да посредува за ограничен прекин на огнот по повеќе од три години војна
Рубио и Нетанјаху разговарале за израелските операции во Газа
Американскиот државен секретар Марко Рубио и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата телефонски разговарале за операциите на Израел во Газа, соопшти Стејт департментот
Украинскиот министер: Разговорите со САД беа „продуктивни“
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров во неделата изјави дека разговорите со американска делегација во Саудиска Арабија биле „продуктивни“ и фокусирани на енергетскиот сектор