Швајцарскиот прехранбен гигант „Nestlé“ најави намалување на производствениот капацитет во Германија, наведувајќи ја зголемената чувствителност на цените на клиентите и повисоките трошоци за производство.

Фабриката во Нојс, град во близина на Дизелдорф, ќе ги затвори вратите во средината на 2026 година, а фабриката во Конов, град во североисточната сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија, ќе биде продадена, објави во четвртокот „Nestlé“.

Зголемената чувствителност на цените на клиентите и повисоките трошоци за производство резултираа со „вишок од капацитети“, објаснува швајцарскиот прехранбен гигант.

Одлуката на компанијата ќе влијае на околу 230 работници и управата во моментов преговара со работнилкиот совет за можни решенија, вклучувајќи мерки за преквалификација и понуда за делумно пензионирање.

Фабриката во Нојс вработува околу 145 работници и произведува растителни масла, мајонез и сенф од брендот „Thomy“ во стаклени тегли, пластични шишиња и туби. Фабриката во Конов вработува околу 80 работници и произведува, меѓу другото, инстант супи и други производи од брендот „Maggi“.

Производството во фабриката Конов, која вработува околу 80 работници, ќе биде прекинато на почетокот на следната година, а потоа ќе биде преместено во други европски земји, забележуваат од „Nestlé“, додавајќи дека во моментов преговараат со германски купувач.

Инаку „Nestlé“ вработува околу 6.700 работници во тринаесет фабрики во Германија. Групацијата минатата година забележа приход од две милијарди швајцарски франци во Германија, за 9,2 отсто помал од претходната 2023 година. Изразено во евра, тој е намален за 7,4 отсто.

Швајцарскиот гигант последните години ги зголемува цените, пренесувајќи ги трошоците за поскапите суровини на потрошувачите. Нивната продажба затоа се намали, бидејќи граѓаните се свртеа кон поевтини брендови во услови на ослабената куповна моќ.

Во такви услови, вкупните приходи на групацијата паднаа за 1,8 отсто минатата година, на 91,4 милијарди франци. Ако се исклучат промените на девизните курсеви и продажбата или купувањето на средства, се зголемиле за 2,2 отсто. Цените ги подигнале за 1,5 отсто, а обемот на продажбата е зголемен за 0,8 отсто.

globe

Слични новости

Во првите два месеци од 2025 продажбата на Тесла во Европа е падната за 44 насто

Во првите два месеци од 2025 продажбата на Тесла во Европа е падната за 44 насто

Постовите на Маск на платформата Х и мешањето во внатрешните работи на повеќе европски земји на Илон Маск ја налутија јавноста ширум Европа. Тоа негативно се одразува на брендот Тесла, кој се соочува со голем пад на продажбата и континуиран пад на цената на акциите.

Американски „BlackRock“ тргнува во лов на европските заштеди

Американски „BlackRock“ тргнува во лов на европските заштеди

Американскиот конгломерат „BlackRock“ има намера да привлече нова генерација Европејци и нивни инвестиции, особено во Источна Европа, со проширена понуда на финансиски производи, изјави директорот на американскиот инвестициски гигант за Reuters, надоврзувајќи се на новите планови на Европската унија за штедење на домаќинствата