Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави во петокот дека израелската војска ги интензивира нападите врз Појасот Газа од воздух, копно и море за да изврши притисок врз Хамас да ги ослободи преостанатите заложници.

По два месеца релативно примирје, жителите на Појасот Газа беа принудени повторно да бегаат откако Израел го прекрши примирјето и започна нова генерална кампања против Хамас.

Министерот Кац рече дека колку подолго Хамас одбива да ги ослободи преостанатите израелски заложници, толку повеќе територија ќе изгуби.

Рече и дека војската ќе ги засили нападите од воздух, море и копно и ќе ги прошири копнените операции додека заложниците не бидат ослободени и Хамас не биде дефинитивно поразен. Исто така, рече дека цивилите ќе бидат евакуирани на југ од енклавата.

Откако преговорите за продолжување на прекинот на огнот не успеаја, израелската војска продолжи со нападите врз Појасот Газа со масовно бомбардирање во вторникот, проследено со испраќање војници во средата. Само во вторникот беа убиени повеќе од 500 Палестинци.

globe

Слични новости

Враќање на летовите на Хитроу по глобалниот хаос во воздушниот сообраќај

Враќање на летовите на Хитроу по глобалниот хаос во воздушниот сообраќај

Летовите на лондонски Хитроу продолжија доцна во петокот, откако пожарот го остави еден од најпрометните аеродром во светот без струја и го затвори, предизвикувајќи хаос во глобалниот воздушен сообраќај

Аеродромот Хитроу затворен поради пожарот во близината

Аеродромот Хитроу затворен поради пожарот во близината

Британскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе биде затворен цел ден во петок, откако големиот пожар во блиската електрична трафостаница го прекина снабдувањето со електрична енергија, што го наруши распоредот на летови ширум светот