
Новиот албум на Селена Гомез и Бени Бланко, „ Јас прв реков дека те сакам“ е главно посветен на љубовни теми и нивната врска и има 15 нумери. За промоција на албумот дуото го објави синглот „Млад и пожежок од мене“ за кој е снимено и музичко видео.
Ова е прв заеднички албум на двојката, а при неговото издавање СМГ Мјузик соопшти дека тој е директен резултат на задоволството што двајцата го чувствуваат додека креативно работат заедно.
Гомез и Бланко претходно објавија три сингла „Исплашен да те сакам“, „Јави ми се кога ќе раскинеш“ и „Сансет Булевар“.
Слични новости
Креативните уметници му испратија писмо на Трамп со барање за заштита на авторските права
Писмото го оспорува предлогот на технолошките гиганти кои тврдат дека американскиот закон за авторкси права би требало да им дозволи на компаниите кои се занимаваат со развој на вештачка интелигенција да ги обучуваат своите системи со делата заштитени со авторски парава, без да бараат дозвола и без надокнада на сопствениците на авторските права.
Судот утврди дека Мараја Кери не ги прекршила авторските права
Судот пресуди во полза на американската поп-пејачка Мараја Кери во тужбата во која се тврди дека таа незаконски копирала елементи од нејзиниот празничен мегахит „All I Want for Christmas Is You“ од истоимената кантри песна
Универзал снима четврто продолжение на „запознај ги родителите“
Студиото Универзал е во фаза на продукција на четврто продолжение на успешната франшиза „Запознај ги родителите“. Првиот филм „Запознај ги родителите“ од 2000-та година е фокусиран на Бен Стилер кој има проблеми да ја стекне довербата на таткото на неговата девојка кого го игра Роберт Де Ниро, а кој е пензиониран шпион на ЦИА.