На девизните пазари американскиот долар порасна во однос на главните светски валути во петокот, ден откако го забележа најдоброто остварување во последните три седмици, бидејќи централната банка на САД сигнализираше дека нема да брза со намалување на каматните стапки.
Индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на зелената банкнота во однос на шесте главни светски валути, претпладнево порасна за 0,21 отсто, на 104,01 поен, над неговиот раст од 0,36 отсто во четвртокот.

Индексот го допре петмесечен минимум од 103,19 поени претходно оваа седмица, откако постепено ослабна од 13 јануари, паѓајќи од највисокото ниво од крајот на 2022 година од 110,17 поени. Причината за слабеењето на доларот е нервозата на инвеститорите дека глобалната трговска војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп ќе предизвика рецесија во САД.
Сепак, во средата Fed ги задржа каматните стапки на нивното сегашно ниво и најави намалување за два квартал поен подоцна оваа година, а претседателот на Fed, Џером Пауел рече дека нема да брза да ги намали, давајќи си време да процени како царините на Трамп ќе влијаат на економијата.
Курсот на еврото, кој има убедливо најголема тежина во индексот на доларот, претпладнево се лизна за 0,18 отсто, на 1,0831 долар, откако претходниот ден ослабе за 0,45 отсто. Доларот зајакна и во однос на јенот за 0,42 отсто и претпланево со него се тргуваше за 149,4 јени.
Во такви услови цената на златото се приближува до рекордно ниво – во петокот на светските берзи унца чинеше 3.031,5 долари, само малку над рекордното ниво од 3.055 долари, кое го достигна во четвртокот.
Слични новости
Американски „BlackRock“ тргнува во лов на европските заштеди
Американскиот конгломерат „BlackRock“ има намера да привлече нова генерација Европејци и нивни инвестиции, особено во Источна Европа, со проширена понуда на финансиски производи, изјави директорот на американскиот инвестициски гигант за Reuters, надоврзувајќи се на новите планови на Европската унија за штедење на домаќинствата
„Nestlé“ го намалува производството во Германија
Швајцарскиот прехранбен гигант „Nestlé“ најави намалување на производствениот капацитет во Германија, наведувајќи ја зголемената чувствителност на цените на клиентите и повисоките трошоци за производство
Цените на нафтата стабилни на 72 долари
Цените на нафтата се задржаа стабилни на 72 долари на меѓународните пазари во петокот, балансирајќи меѓу проценките дека новите американски санкции ќе го намалат извозот на иранска нафта и индициите дека водечките производители го прекршуваат договорот за контрола на снабдувањето