Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја остварија и втората победа сезонава над лидерот во Евролигата, совладувајќи го на негов паркет Олимпијакос со 81:73.
Црвена ѕвезда одлично го започна овој меч и имаше двоцифрено водство по само неколку минути. Тимот на Јанис Сферопулос, кој на овој дуел практично играше без класичен центар, постојано го одржуваше водството па дури и на полувремето отиде со голема предност од 16 поени. Олимпијакос го крена ритамот на почетокот од второто полувреме и во текот на третата четвртина предводен од Саша Везенков дојде на заостанување на само три поена. Се чинеше дека ќе успеат да го свртат резултатот во своја полза, но потоа Кенан и Гедраитис го украдоа „шоуто“ и со неколку „тројки“ и донесоа голем триумф на Црвена ѕвезда.
Најефикасни во редовите на Црвена ѕвезда беа Рокас Гедраитис со 20 и Коди Милер Мекинтајр со 15 поени, додека во редовите на поразениот тим најдобар беше Саша Везенков со 19, а го следеше Шекил Мекисик со 14. Црвена ѕвезда сега е на 17-13 и прави голем чекор кон плејофот.

Кошаркарите на Монако вечерва на домашен терен го совладаа Фенербахче со резултат 91:82 во 30. коло од Евролигата. Најефикасен кај Монако беше Мајк Џејмс со 29 поени, додека Ели Окобо додаде 16. Кај гостите најдобар беше Ерик МекКолум со 24 поени.
Кошаркарите на Фенербахче се на второто место во поредокот во Евролигата со 20 победи и 10 порази, додека Монако е четврти со скор 18/12.
Монако ќе му гостува на Жалгирис во следното, 31. коло од Евролигата, додека Фенербахче ќе игра со Париз во Истанбул.
Кошаркарите на Реал Мадрид лесно го совладаа францускиот преставник Асвел со 81:70 на домашен терен во натпревар. Реал го скрши противникот веќе во првата четвртина. Создаде големо водство од 32:10 и рутински го одржуваше водството до крајот, забележувајќи ја 16-та победа сезонава. Потфрли хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња кон на паркетот мина 23 минути и постигна само девет поени, со шест скока, четири асистенции, четири украдени топки но пет загубени топки. Валтер Таварес беше најдобар стрелец кај Реал со 23 поени, а на другата страна Тео Маледон постигна 25 поени.
Басконија како домаќин го совлада Баерн со убедливи 112:89. Најдобар играч на Басконија беше Маркус Хауард со 27 поени.
Макаби го победи Виртус Болоња со 77:67.
На табелата води Олимпијакос со сооднос 22-8, го следи Фенербахче со 20-10, Монако со 18-12, Панатинаикос со 18-11, додека Баерн, Париз и Црвена ѕвезда имаат по 17 победи и 13 порази. Армани Милано и Реал Мадрид се изедначени со 16 победи и 14 порази.
Слични новости
ФИФА го исклучи мексикански Леон од Светското клупско првенство
Костариканскиот клуб Алахуеленсе поднесе жалба против учеството на мексиканските клубови Леон и Пачука, а жалбената комисија на ФИФА одлучи дека Леон не може да се натпреварува
Хамилтон ја доби првата стартна позиција за спринтерската трка во Шангај
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Ферари ќе стартува од пол-позицијата во спринтерската трка за Големата награда на Кина
Винисиус во судиското продолжение го приближи Бразил до СП
Бразил стигна до победа во драматичната завршница со голот на Винисиус во деветтата минута од судиското надополнување