Во Кочани денеска се погребани триесет иедно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро. Останатите жртви беа погребани во Скопје, Штип и Облешево.
Погребната церемонија во Кочани започна напладне, а со неа чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан. Церемонијата на давање последна почит се одржа по посебни протоколи.
Со починатите, од кои голем дел млади лица, се простија членови на нивните семејства, роднини, нивни сограѓани… На и околу местата на погребите беа распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење. Погребот го следеа медиумски екипи од земјата и од странство.

Со починатите, од кои голем дел млади лица, се простија членови на нивните семејства, роднини, нивни сограѓани… На и околу местата на погребите беа распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење. Погребот го следеа медиумски екипи од земјата и од странство.
Во Скопје денеска беа погребани членови на бендот ДНК кои починаа од пожарот. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, е погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев е на градските гробишта во Струмица. Во Штип се погребани Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов, кои исто така беа дел од бендот.
Од загинатите во пожарот се простуваат и последна чест им одаваат и граѓани од целата земја. Во главниот град и денеска граѓани на плоштадот палеа свеќи.
Министерството за здравство денеска ги објави имињата на сите 59 загинати во пожарот кои се на возраст од 16 до 48 години. Најголем број од починатите се на возраст на 24 и 26 години.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата наутро загинаа 59 лица, а над 170 се повредени. Животот го загубија Алексова Стефанија 2004, Џамов Јорданчо 1993, Трајчев Иван 2000, Ѓоргиев Џоко 2000, Коларов Александар 1981, Величков Иван 1998, Стојанов Андреј 2000, Антова Ивона 2003, Христовски Павел 2004, Димитријев Диме 1994, Насевски Никола 2007, Богданов Тоше 1994, Тодоровски Тоше 1988, Коцева Ана 2004, Живков Адријан 2000, Петрушов Гордан 2001, Горгиев Игорче 1976, Стевановски Филип 1988, Стојанов Томче 2003, Стоименова Моника 1999, Стојанов Стојанчо 1988, Пројковска Николовска Capa 1977, Шопова Марија 1997, Ивановски Петар 2004, Ѓорѓиев Александар 1991, Марковски Матеј 2007, Закова Бојана 1997, Василков Ѓорѓи 1999, Петров Александар 1999, Минова Драгана 2008, Алексова Capa 2006, Ѓорѓиески Андреја 1982, Ивановски Филип 2008, Јорданова Capa 2007, Стрезоска Марија 2001, Ефремов Александар 1992, Велков Игор 1980, Тасева Стојковска Лепа 1998, Атанасовски Мартин 1996, Алексов Александар 1986, Минов Божидар 2001, Милковска Кети 1999, Златков Томас 2003, Соколова Стефанија 2005, Велков Леонид 2007, Наунова Надица 2007, Јорданов Виктор 2000, Панов Андреј 2000, Иванов Димитар 2008, Стоименов Спиро 1998, Владимиров Јове 1993, Андонов Ице 2003, Тасевски Стефан 1988, Величков Ѓорѓи 1994, Стојанов Александар 1986, Христова Сања 1999, Танески Дамјан 2006, Спасова Моника 1998 и Лазаров Андреј 1999 година.

Слични новости
Сиљановска Давкова: Да престанеме со импровизации, да градиме стандарди, од градинка да учиме како да се однесуваме во катастрофи
Мојата порака е да ја санционираме неодговорноста секогаш кога треба, да ги инспирираме младите, да ги задржиме, да возвратиме на помошта со помош, да изградиме подобар свет и дома и во соседството и надвор., рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова
Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани
Би сакал тоа што ние денеска го правиме како Влада има позитивно и убаво значење за иднината на нашите граѓани и нашата Македонија, порача попладнево премиерот Христијан Мицкоски во вклучување на хуманитарното отворено студио на телевизијата Канал 5 за донирање на настраданите во Кочани.
Мисајловски – Хејбет: Македонско-турската одбранбена соработка пример за силно сојузништво
-Нашите две земји се исклучително блиски повеќе декади и тоа го гледаме на дело. Голема благодарност од целиот македонски народ за вашата несебична поддршка во згрижувањето на дел од повредените во пожарот во Кочани. Ако пријателите се покажуваат во мака, и двете земји покажаа дека стојат една зад друга секогаш кога има потреба за тоа, рекол министерот на средбата