Италијанскиот фудбалски клуб Рома објави дека неговиот напаѓач и аргентински интернационалец 31-годишниот Пауло Дибала ќе го пропушти остатокот од сезоната поради операција на левиот бутен мускул.

„Играчот и клубот се договорија дека операцијата е најдобрата опција за него за целосно опоравување“, се вели во соопштението на Рома.

 

„Наскоро ќе се вратам уште посилен, тоа е ветување“, изјави Дибала преку социјалните мрежи.

Дибала оваа сезона постигна осум гола во сите натпреварувања, а неговата повреда доаѓа токму кога Рома е во пораст. Тимот, предводен од Клаудио Раниери од средината на ноември, ги освои последните шест натпревари, нема пораз во последните 13 натпревари и скокна од 15-то на седмото место во Серија А.

globe

Слични новости